History of NI Institute and Museum Bitola

На 18.02.1934 година, по иницијатива на др. Антун Жегура, професор во битолската гимназија и господинот Иван Кањух, во свечената сала на Битолската општина се одржа собрание на кое беше решено, во Битола, чија околина е богата со бројни движни и недвижни споменици на културата, да се основа градски музеј. На ова собрание присуствуваа голем број јавни работници и видни граѓани од градот. Собранието го отвори др Антон Жегура кој во својот говор го истакна големото културно значење на формирање на музеј во овој град. По говорот на Др. Жегура, збор зеде господинот С. Сотировиќ, претседател на Општината, кој ја пофали идејата на господата Др. Антон Жегура и Иван Кањух и вети дека Општината ќе се погрижи за објектот во кој ќе биде сместен музејот. Потоа доби збор големиот љубител на антиквитети Будимир Борисавлевиќадвокат, кој на присутните им покажа фотографии од археолошки наоди кои тој ги собирал во околината на Битола. На предлог од претседателот на Општината, господинот Сотировиќ, Собранието одлучи да се формира иницијативен одбор во кој влегоа: епископот г. Николај Велимировиќ, г. Илија Димитриевиќ, бригаден генерал, господинот Петар Лешнаревиќдиректор на Гимназијата, во пензија, г. Буда Борисавлевиќ, адвокат, г. Антун Жегура, професорот г. Иван Кањух, г. Бранислав Василевиќ, околиски началник и г. Драгољуб Константиновиќ, околиски началник. Собранието на Иницијативниот одбор му постави задача да прибира историскоетнографски предмети, сите видови оружје од разни војски (кои за време на балканските и Првата светска војна учествуваа во борбите на битолското подрачје), и да иницира одлука за формирање градски музеј во Битола, со што би се пополнила една празнина која одамна се чуствува во културниот живот на градот.
 
Врз основа на иницијативата, Одборот на Општината на град Битола, на својата втора седница одржана на 27.02.1934 година, во пет часот попладне во судската зграда под точка 7 од дневниот ред “Основање градски музеј” донесе одлука: цитат од записникот: “Да се основа градски музеј на Општината Битола и за оваа цел да се одобри кредит од непредвидените расходи во сума од 10 000 динари (десет илјади динари) која треба да се употреби за сместување и опремување на музејот, за истражување на музејски предмети, набавка на материјали и друго”. Музејот треба да биде општинска своина и да го носи името “Градски музеј на Општината на град Битола”. За периодот од неговото формирање до крајот на 1948 година, Музејот беше сместен во два приземни дуќани на ул. “Добривое Радосавлевиќ” (денес урнати), во чии простории во 5 соодветни витрини беа поместени монети од античкиот, римскиот и византискиот период, дополнети со одредени археолошки наоди од керамика, мермер, бронза и сл. Во Музејот во овој период се вработени две лица, еден раководител и еден чувар. За време на окупацијата, раководителот на Музејот, Петар Николиќ, во 1941 година емигрира во Грција така што во Музејот работеше само чуварот Гаврил Панчев. Во ваква положба Музејот останува и по ослободувањето се до крајот на 1948 година. За оваа состојба ни сведочи и писмото бр.53 од 15.01.1945 година, упатено до Народниот музеј во Скопје од страна на Градскиот НОО во Битола, со кое се бара враќање на инвентарните книги од 1940 година, за да се провери дали музејските предмети се на лице место или се отуѓени. Во 1949 година, на градското поверенство му беше доделен нов објект за музеј на ул. “Маршал Тито” бр. 25. (зградата на Отоманската банка, подоцна Солунска банка, Геолошко биро). Кон крајот на истата година за директор на музејот беше назначен Петар Мачкиќ.
 
Во 1950 година Музејот добива сопствен буџет што му овозможува да ја прошири својата дејност така што покрај нумизматичката збирка формира археолошка, историска и етнолошка, а својот фонд го збогати со нови 760 музејски предмети и за прв пат се појавува со две тематски изложби: “Социјалистичката изградба” и “Народноослободителната војна во Битолскиот крај”, кои беа посетени од преку 22000 посетители. Во 1951 година, Музејот се појави со две изложби:”Рудното богатство во Битола” и “Битола во XIX век”.
 
Во 1952 година, со одлука на Президиумот на Народна Република Македонија, Музејот во Битола се именува во Народен Музеј-Битола и како таков опстојува се до 1976 година.
 
Во истата година, Музејот се преселува во зградата на Данабаш, на ул. “Маршал Тито” бр.91 и подолго време функционира со 57 вработени.
 
Во периодот на 50-те години за музејот во Битола значајни се активностите во неговата собирачка и презентациска дејност, како и неговиот растеж во комплексен музеј. Позначајни изложби во овој период: 1952 година нумизматичка, археолошка и историската поставка, 1952 година “Репродукции од Леонардо Давинчи”; 1954 година, археолошка изложба од ископувањата во битолскиот крај и изложбата “Штетни обичаи и празноверија” (позајмена од Белград). Во оваа година за прв пат се прослави Неделата на Музеите. Во 1955 година, организирана е изложбата “Етнолошка граѓа” и “Репродукции од Ван Гог”. Во 1956 година се отвора етнолошката поставка и се формираат Праисториско и одделение за НОБ. При крајот на истата година, во урнатините на Ески Џамија во Битола, најдена е мермерната плоча на Јован Владислав.
 
До крајот на 50-тите години на минатиот век позабележителни се археолошките истражувања на праисторискиот локалитет Шуплевец и организаторските подготовки за систематски истражувања на архелошкиот локалитет Хераклеја Линкестис.
 
Интеграции до денешниот лик на установата
 
Шеесеттите и седумдесеттите години за Музејот значат еден континуиран развој со проширување на своите одделениjа: археолошко, историско, етнолошко, историја на уметноста, формирање фототека со сопствена фотолабораторија, богата, стручна библиотека кои што претставуваат темел и за денешниот музеј.
 
Тоа е период кога Народниот музеј Битола во соработка со Одборот за Хераклеја се грижи и раководи со истражувањата и конзервацијата на античкиот локалитетот Хераклеја Линкестис.
 
Одборот за Хераклеја со Одлука на Советот за култура при Народниот одбор на Општината Битола формиран е на 26.07.1961 година. Овој одбор како орган на управување на своите седници донесувал одлуки за актуелни прашања и проблеми поврзани со археолошките истражувања во локалитетот. Составот на Одборот се менуваше на секои 4 години се до 1986/7 година кога престанува неговата функција. За прв претседател на Одборот беше назначен Живко Василевски, тогашен претседател на Околискиот Одбор на ССРНМ. За секретар на Одборот беше Иван Микулчиќ, кустос во Музејот, а подоцна Петар Мачкиќ, тогашен управник на Народниот музеј Битола.
 
За членови на првиот Одбор беа именувани:
 
Др. Јован Калаузи, лекар при Медицински центар-Битола
Сотир Геракаровски, потпретседател на НО-Битола
Благој Иловски, потпреседател на НО-Битола
Гога Видимче, инг. при Општината Битола
Др. Димитар Котевски, лекар при Медицински центар Битола
Димитар Грданов, директор на Народната банка-Битола
Нико Поп Никола, инг. агроном при Шумскиот институт на НРМ
Ѓорѓи Димовски, професор во Гимназија Јосип Броз ТитоБитола
Петар Мачкиќ, управник на Народниот музеј-Битола
Народниот музеј Битола во овој период својата дејност и надлежност ја насочува кон грижата за сочувување на бројниот фонд движни и недвижни споменици на културата во Општината Битола.
Покрај бројните тематски изложби битно е да се напомене реализацијата на постојаната музејска поставка за народниот херој Стеван Наумов Стив, во неговата родна куќа на ул. “Пецо Божиновски” бр.11, на 4 јули 1961 година. Спомнатите музејски фондови секоја година се зголемуваа со стотици нови музејски предмети и фотодокументација. Годишната посетеност на музејските поставки е над 30 000 посетители, бројка на која можат да позавидат музеите и денес. Ова секако укажува на фактот дека Народниот музеј Битола во овој период зазема значајно место во културното живеење на градот и на Републиката.
 
На 05.06.1975 година со решение бр. 06 2907/1 Собранието на Општина Битола го оснoва Заводот за заштита на спомениците на културата и природните реткости Битола.
 
Со Одлука на работните луѓе од Заводот, Народниот музеј и Одборот на Хераклеја, потврдено преку Референдум, извршено е припојување на Народниот музеј и Одборот на Хераклеја кон Заводот за заштита на спомениците на културата, за кое е дадена согласност од СО Битола со решение бр. 06 5465/1 и 06 5459/1 од 04.10.1986 година. Вака формираната институција го доби називот Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости и музеј Битола. Со решение бр. 08 312/1 од 10.05.1983 година дадена е согласност за припојување на Уметничката галерија “Моша Пијаде” кон Заводот за заштита на спомениците на културата, природните реткости и музеј Битола.
 
Уметничката галерија во Битола е основана на 15.04.1958 год. со решение од Собрание на Општината Битола. Објектот во кој е сместена Уметничката галерија (Јени џамија) е изграден во 1558/9 година, за време на Махмуд Ефендија, како еднопросторна поткуполна градба со затворен трем, со слепи куполи, дограден и при поправката на објектот во XIX век. Заради својата целокупна декорација на ентериерот таа сама по себе претставува своевидно уметничко достигнување, забележителни се фајансните плочи околу главниот портал, извонредна фреско декорација со редок мотив пејзажи изработени во рококо стил, декоративна пластика во вид на сталактити (на школкитетромпите, под куполата), длабоката резба на главниот портал и дрвените врати на нишите, калиграфскиот натпис над порталот.
 
Со работата на Галеријата раководеше Управен одбор, а прв претседател беше Душко Петановски. Вработени лица во Галеријата со постојан работен однос беа: Доне Пановски-службеник, Борис Андреевски-директор (од 1964-1980), Лиљана Христова в.д. директор (1980-1982), Борис Начовски (1982), Љубинко Георгиевски, Николина Гравчева и Васко Георгиевски.
 
Со интегрирањето на галеријата се завршува процесот на трансформирање на овие посебни институции во една институција под полниот назив “Завод за заштита на спомениците на културата, природните реткости, музеј и галерија - Битола” или скратено “Завод, музеј и галерија-Битола“. ..

On 18. 02. 1934 at the initiative of Dr. Antun Zegura, a professor at the Bitola gymnasium, and Mr. Ivan Kanjuh, a meeting was held in the formal hall of the Bitola Municipality where it was decided that Bitola, whose surroundings are so rich in monuments of culture (some which can and others which can't be moved), should found a town museum. A great number of Public office employees and distinguished citizens from Bitola took part in this meeting. The meeting was declared open by Dr. Antun Zegura, who spoke about the great cultural importance of the founding of the museum in Bitola. After Dr. Zegura's speech, the second speaker was S. Sotirovic the President of the Municipality, who applauded the idea of the gentlemen Dr. Antun Zegura and Ivan Kanjuh and promised that the Municipality would take care of providing a building in which the museum would be located. After that, the lawyer and great admirer of antiquities, Budimir Borisavlevic took the floor, showing pictures to those present of the archeological findings, which he had collected in the vicinity of Bitola. At the suggestion of the Municipality president Mr. Sotirovic, the Council decided to establish an Initiative Committee consisting of: the Archbishop Nikolaj Velimirivic, Mr. Ilija Dimitrievic brigade general, Mr. Petar Lesnarevic - the retired former director of the gymnasium, Mr. Buda Borisavlevic lawyer, Mr. Antun Zegura, Prof. Ivan Kanjuh, Mr. Branislav Vasilevic District Chief, and Mr. Dragoljub Konstantinovic District Chief.

The Council sets the tasks for the Committee to collect historic, ethnographic items as well as all kinds of weapons of the various armies (which had fought in battles in the Bitola area during the Balkan Wars and the First World War), and to make the decision for the founding of the town museum in Bitola, thus filling the vacuum that had long been felt in the cultural life of the town.
This thus established Committee, at its second meeting of the Municipality of Bitola, held in the Court Building, at 5p.m. on 27.02.1934, under Article 7 of the Meeting Schedule "Foundation of the town museum" passed the Decision: (citing from the minutes book) "…to found the town museum of the Municipality of Bitola, and for this purpose a credit shall be granted from the unpredicted expenditures, an amount of 10 000 dinars, in words ten thousand dinars, which shall be used for the housing and equipping of the museum, for the investigation of the museum items, procurement of materials, and other.
Thus the museum shall be Municipality property and it shall be named "The Museum of the town of Bitola". Since its foundation till the end of 1948 the museum was housed in two ground-floor shops on "Dobrivoje Rado-savlevic" street, (which is now destroyed), in which premises in five appropriate cabinets were exhibited coins of Antique, Roman and Byzantine periods accompanied by certain archaeological findings of ceramic, marble, bronze etc. The museum at that time was served by two employees, one of them a manager and the other a guard. During the occupation, the manager of the museum Petar Nikolic in 1941 emigrated to Greece, thus leaving the guard Gavril Pancev as the only employee in the museum.
This state of affairs in the museum continued even after the liberation, up to the end of 1948. We know this from the letter No. 53, of 15. 01. 1945 sent to the National Museum of Skopje by the Town NLC from Bitola, in which letter they request the return of the Inventory Books from 1940, so as they can see whether all the museum items are accounted for or have been expropriated.
In 1949 the Town Committee was granted a new building on the street of Marshal Tito No. 25, (the building of the Ottoman Bank, later Thessaloniki Bank, Geology Bureau) to which the museum was relocated. At the end of the same year Petar Mackic was appointed as the Director of the museum.

muz_istorija_01

The Town museum of Municipality of Bitola,  Marshal Tito St.,  25
 
 

 In 1950 museum is granted its own budget which enables the museum to broaden its activities, so that besides the numismatic collection they found archa-eological, historic and ethnology colle-ctions, thus enriching its fund with 760 new museum items, and for the first time they make an appearance with two thematic exhibitions: "Socialistic con-struction", and an exhibition "The National Liberation War in the Bitola region" which are visited by more that 22 000 visitors. In 1951 the museum presents two exhibitions: "The mining wealth of Bitola" and "Bitola in the XIX century".

muz_istorija_02

National museum - Bitola 1952 - 1976, (The house of M. Danabas)

In 1952 by the decision of the Presidium of National Republic of Macedonia, the Bitola museum is renamed as - The National Museum of Bitola, and is known by this name till the 1976.
In the same year, the museum is relocated to 'the House of Danabas', No. 91 Marshal Tito Street, and for a longer period, is served by 5-7 employees.

muz_istorija_03

The team of National Museum Bitola, 1962

 
muz_istorija_04
Visitors of the Museum, the 60s
 
The 50s of the last century are important for this museum because of its activities in the field of collecting and presenting and its growth into a complex museum. Among the important exhibitions of this time are: (1952) the numismatic, history and archaeology exhibition, (1952) the exhibition titled "Reproductions of Leonardo Da Vinci"; (1954) archaeological exhibition of excavation findings from Bitola's surroundings and the exhibition "Harmful customs and super-stitions" (borrowed from Belgrade). In this year the 'Week of Museums" is celebrated for the first time. In 1955 the exhibition" Ethnological materials" was organized, and "Reproductions of Van Gogh".
In 1956 the ethnology exhibition was found and two new departments were formed: the Department of pre-history and the Department of NLW (National War of Liberation). At the end of the same year, a marble slab of Jovan Vladislav was found among the ruins of Eskhy Mosque in Bitola.
Till the end of the 50s of the last century more notable activities are the archaeological investigations, especially of the pre-historic site of Suplevec, and the organizational preparations for the systematic investigation of the archaeological site of Heraclea Lyncestis.

Integrations till the present appearance the institution

For the museum, the 60s and 70s of last century marked a period of continuous development and enlargement of its departments, introducing Departments of Archaeology, History, Ethnology and History of Art, as well as establishing a photo-library with its own laboratory, and a rich and professional library, which represents a solid foundation for today'smuseum.
During this period the National Museum, in cooperation with the Heraclea Board, was responsible for managing the excavation and conservation of this site.
Following the decision of the Council of the National Committee for culture of Municipality - Bitola, The Heraclea Board was established on 26. 07. 1961. This Board, as a management committee, dealt with the issues and problems concerning the archaeological excavations of the site. In the following period the Board was changed every four years until 1986/7 when its functioning ceased.
The first appointed President of the Board was Zivko Vasilevski, then also SRNM. Ivan Mikulcic, curator of the museum, was appointed secretary of the Board and Petar Mackic, who was manager of the museum at that time, later replaced him.
The members of the first Board were:

  1. Dr. Jovan Kalauzi, doctor at the Medical Center - Bitola
  2. Sotir Gerakarovski, Vice-president of NC - Bitola
  3. Blagoj Ilovski, Vice-president of NC - Bitola
  4. Goga Vidimce, engineer - Municipality of Bitola
  5. Dr. Dimitar Kotevski, doctor at the Medical Center - Bitola
  6. Dimitar Grdanov, Director of the National Bank - Bitola
  7. Niko Pop Nikola, Agric. Eng. at the Institute for Forestry of NRM
  8. Gjorgji Dimovski, a professor at the gymnasium “Josip Broz Tito”-Bitola
  9. Petar Mackic, a manager of the National Museum-Bitola

At that time, the National Museum - Bitola concentrated its efforts and activities on the preservation of the great fund of movable and stationary monuments of culture located in the Municipality of Bitola.
In this period, apart from activities connected with the numismatic and archaeology sections, they are involved with setting up a permanent museum exhibit dedicated to Stevan Stiv Naumov, a national hero, in the house of his birth, located at No.11 Peco Bozinovski Street on the 4th July 1961.
The above mentioned museum collection grew larger year by year with hundreds more museum items and photographic documents. The number of visitors annually to the museum exhibits is estimated to be more than 30 000, a number which even today would be envied by many other museums. This certainly proves the fact that the National Museum Bitola plays a significant role in the cultural life of the town at that time.
On 05. 05.1975 by the decision No. 06-2907/1 the Municipality of Bitola found the Institute for preservation of monuments of culture and natural rarities - Bitola. Also, by the decision of the employees of the Institute, National Museum and Heraclea Board, confirmed on referendum, National museum and the board of the archaeological site of Heraclea also is attached to the Institute for preservation of monuments of culture, confirmed on the agreement A.C. No. 06-5465/1 and 06-5459/1 from 04. 10. 1986.
Thus formed institution was renamed in Institute for preservation of the monuments of culture, natural rarities and museum Bitola. By the agreement No. 08-312/1 from 10. 05. 1983, the acceptance was given for the affilation of the Art Gallery of “Mosa Pijade” to the Institute and Museum Bitola.

The Art Gallery of Bitola was founded on 15. 04. 1958, following the decision of the Council of the municipality of Bitola.
The building in which the gallery is accommodated (Jeni Mosque) was built in 1558/9 during the time of Mahmud Efendy, as a one-room sub-dome construction with covered porch, and blind cupolas which were built later during the correction of the building in 19th c. Due to the extensive decoration of the entire interior, the building is in itself considered to be a work of art. Especially notable are: the Fayan blocks around the main portal, the magnificent fresco decoration painted with a rare motif landscapes in Rococo style, the decorative plastic art in the form of stalactites (on the trompie-shells under the dome), the deep woodcarving of the main gate, the wooden doors of the niches, and the calligraphic inscription above the gate.

The gallery was under the mana-gement of the Administrative Board, and the first appointed president was Dusko Peta-novski. Permanent employees of the gallery were:

  • Done Panovski - clerk,
  • Boris Andreevski director, from 1964-1980,
  • Liljana Hristova, acting Director (1980-1982),
  • Boris Nacovski (1982),
  • Ljubinko Georgievski,
  • Nikolina Grav-ceva and
  • Vasko Georgievski.


This completed the process of integration and transformation of those separate institutions into only one institution under the name of “Institute for the preservation of monuments and culture natural rarities, Museum and Gallery Bitola” or the short title “Institute, Museum and Gallery Bitola”.