Jewish ethnic entity Bitola

Музејската поставка за еврејскиот етнос во Битола поставена е во една од просториите во порталот на Еврејските гробишта во Битола. Со свеченото отворање Музејот од Битола даде придонес кон одбележувањето на 500 годишнината од прогонувањето на Евреите во 1492 година од Шпанија и Португалија и нивното доселување на Балканот и во Битола.
 
Самата поставка својата содржина ја темели низ фотодокументи, копии и друг пишуван материјал што го прикажува еврејскиот етнос кој 500 години живее заеднички со македонското население. Во најголем број фото материјалот изложен во оваа поставка потекнува од крајот на XIX и почетокот на XX век. Презентирани се повеќе фамилијарни фотографии од видни еврејски семејства, фолклорни, спортски друштва, поединци рабини, занаетчии. Во рамките на поставката се презентираните материјали за нивното учество во НОАВМ и геноцидот спроведен врз нив на 11 март 1943 година од страна на фашистичките окупаторски воени сили и нивната идеологија.

everjski_thThe museum exhibition devoted to the Jewish ethnic entity is housed in one of the rooms of the Portal of the Jewish cemetery in Bitola.

Read more ...

Memorial house of Stevan Naumov - Stiv

Родната куќа на народниот херој Стеван Наумов Стив се наоѓа на ул. “Пецо Божиновски” бр.11 Битола. Во првите активности на Народниот музеј Битола, поточно на 4 јули 1961 година, а по повод Денот на борецот, отворена е за прв пат постојаната музејска поставка, откако објектот е реконструиран и адаптиран за ваква намена.
 
Во 1977 година објектот е повторно реконструиран и адаптиран со тоа што беа овозможени услови за нова презентација на ликот животот и делото на Стеван Наумов Стив, кој во периодот на Народноослободителната и антифашистичка војна на македонскиот народ како секретар на КПЈ-КПМ за Битола со својата револуционерна дејност уште во тој период прерасна во легендарна личност. Самата поставка е поставена на простор од околу 150м2 во приземје и спрат. Истата, во 2002 година, по трет пат е обновена со содржина од нови експонати.
 
Во приземниот дел во најголема мера прикажана е покуќнината и предметите за секојдневна употреба на семејството Наумови. На горниот кат од објектот кој завзема простор од околу 80 м2 во 4 посебни целини, презентирани се документи и предмети што го следат животот и делото на херојот од неговото најрано детство (фотографии, документи, предмети тесно поврзани со животот на неговото пошироко семејство), за да во втората целина-простор биде прикажана неговата револуционерна активност, неговото загинување на 12 септември 1942 година заедно со неговиот соборец и другар народниот херој Мите Богоевски. Историскиот дел завршува со приказ на победата над фашизмот и сé она што за херојот, за неговото име и во негова чест, е напишано и изградено како спомен.
 
Во третата целина во простор од 18 м2 уредена е гостинска, приемна соба за свечености-визити, со оригинални и откупени предмети од тој период што даваат приказ на средно имотлива фамилија од тој период, со еден фонд на урамени фамилијарни фотографии.
 
Завршница на целокупната поставка е преуредениот затворен ходник во кој се поместени три уметнички ликовни дела со димензии од над 3х4м од ликовниот уметник и учесник во НОАВМ, Тоде Ивановски. Во нив авторот го прикажува револуционерниот пат на Стив, и тоа формирањето на Првиот партизански одред “Пелистер”, убиството на злогласниот полициски начелник Ќурчиев, и средбата на Стив и Мите пред загинувањето. Во истиот ходник поставена е и макета која тродимензионално и со одредени светлосни ефекти го прикажува нападот на Партизанскиот одред “Даме Груев” на полициската станица-участок во с. Кажани под раководство на Стеван Наумов-Стив. На посебно пано се прикажани и народните херои од Битола и Битолско

stiv_thThe house of birth of the national hero Stevan Naumov - Stiv is located on the street Peco Bozinovski No. 11, Bitola.

Read more ...

Memorial Museum in The Village Smilevo

По повод 100 годишнината од Илинденското востание, со Одлука на Министерството за култура на Република Македонија, во 2003/4 година, изграден е Меморијален музеј во с. Смилево.
 
На Музејот од Битола му беше доверена задача да изготви елаборат за постојаната музејска поставка од меморијален карактер. На простор од 130 м2, е реализирана музејска поставка која ги содржи следните тематски целини:
 
Меморијална соба за Смилевскиот конгрес 1903 година
Смилево во Илинденското востание
Спомен соба за животот и револуционерната дејност на Даме Груев
Спомен соба за Партизанскиот одред “Даме Груев”
Етнолошка соба за Смилево
Во Конгресната сала, преку уводен текст посетителот се запознава со содржината и значењето на Смилево, со над35 фотографии од кои 27 од учесниците на Конгресот, а останатите се од чети.
 
Со 20-на документи претставени се протоколите од заседанијата на Конгресот, фрагменти од Дисциплинскиот востанички устав, портрети од членовите на Главниот штаб, копија од знамето на II (Битолски) револуционерен округ. Во една витрина изложени се два раритетни оригинални предмети: револверот на Смилевскиот војвода Веле Илиев Пенчо и бомба изработена во една од леарниците што постоеле во тоа време во с. Смилево. Овој простор е уреден како конгресна соба.
 
Како посебна целина во овој простор прикажано е Смилево во портрети на неколку смилевски војводи, како и фотодокументи за контраофанзивата и последиците од тоа во селото. Поместени се и две витрини во кои е изложен материјал, оружје од Илинденскиот период.
 
Спомен собата за Даме Груев содржи преку 30на фотографии, 14 документи од кои некои се изложуваат за прв пат, како што е записникот од судењето на Даме Груев, писма од архивата на Даме и др. Во овој простор поместена е витрина со фонд на книги кои се однесуваат на историјатот на Смилево и за животот и делото на Даме Груев.
 
Спомен собата посветена на Битолскопреспанскиот одред “Даме Груев”, е со акцент на неговата прва воена акција изведена на 2 август 1942 година, во селото Смилево. Целта на оваа акција беше спречување на бугарскиот окупатор да одржи митинг во с.Смилево. Во овој простор од 20на м2 поместени се 50 фотографии и документи преку кои се следи равојот на револуционерната дејност во с. Смилево во периодот меѓу двете светски војни, при што се претставени револуционери од самото село и тој крај, економската моќна селото, со завршница за развојот и воената дејност на Партизанскиот одред “Даме Груев”. Во 3 витрини изложено е партизанско оружје и воени материјали.
 
Во етнолошката соба презентиран е материјал од материјалната култура во Смилево, истакнат преку народната носија и тоа: невестинска, носија за постара жена и машка носија. Народната носија по своите карактеристики припаѓа на мијачкодебарската носија и се вбројува во најкарактеристичните народни носии. Како друг сегмент во презентирањето, претставена е функционалноста на куќата преку вградена мусандра, огниште, софра, ковчег, кои биле во функција. Презентираните предмети потекнуваат од Смилево.

smilevo_thOn the occasion of 100 years of the Ilinden Uprising, a decision was made by the Ministry for Culture of the Republic of Macedonia in 2003/4 for a Memorial Museum to be built in the village of Smilevo.

Read more ...

Memorial museum of Goce Delchev

Спомен музејот посветен на великанот на Македонското ослободително движење се наоѓа на ул. „Стевче Патако“ бр.11 Битола. Отворањето на овој музеј е иницирано по повод престојот на Гоце Делчев во Битола во 1901 година во овој објект. Главната негова цел при овој престој му беше да се сретне со неговиот сакан другар и соработник Даме Груев, основоположникот на ТМОРО, кој во овој период се наоѓаше во Битолскиот централен затвор.
 
Во 1987/88, по извршената темелна реконструкција на објектот и изработениот елаборат, по повод 85 годишнината од загинувањето на Гоце Делчев, на 4 мај 1988 година свечено беше промовирана постојаната музејска поставка.
 
Поставката содржи две изложбени простории со вкупна површина од околу 37 м2 , од кои во првата просторија е сместена содржина “За животот и револуционерната дејност, на првоапостолот на македонското ослободително дело”. Во оваа просторија како континуитет на Гоцевата револуционерна дејност со бројни документи и фотографии прикажана е состојбата и настаните во Битолскиот револуционерен округ. Од бројните поместени експонати во оваа поставка значајно место зазема револверот подарен од Гоце Делчев на Михаил Ракиџиев, сопственик на куќата и член на Окружниот комитет на Битолскиот револуционерен округ.
 
Во оваа поставка изложен е и оригинален експонат од 1905 година, (вез од ситни мониста во разни бои со претстава на еленче што пие вода), кое е посветено и подарено на Михаил Ракиџиев од затворениците кои за иста цел се наоѓаа со него во Централниот битолски затвор.
 
Во составот на поставката, во соодветна просторија, поставена е витрина со симболите на револуционерната заклетва на Организацијата како и оружје од Илинденскиот период.
 
Како составен дел на оваа музејска поставка, во собата во која престојувал Гоце Делчев и во која се одржувале состаноците, задржан е ентериерот со амбиентот во оригинална состојба. Исто така во оваа соба, за да се наслика автентичноста на времето, поместени се материјали од тие години.

goce_delchev_thThe memorial museum dedicated to the famous visionary of the Macedonian Liberation Movement is located on the street Stevce Patakot No. 11 Bitola.

Read more ...

Heraclea Lyncestis

Античкиот локалитет Хераклеа Линкестис-Битола, со решение бр. 1040 од 27.07.1950 година, прогласен е за споменик на културата од прва категорија, со исклучително и универзално значење.
 
 
Со првите собирачи на старините во Хераклеа овластени со посебна дозвола од Султанот на Турција во XIX век, изразени преку дипломатските претставници во Битола, која во тој период претставува центар на Европска Турција, со право да вршат ископувања, а откриениот материјал да го откупат или едноставно однесат во својата земја, се и првите евидентирани податоци за истражувања во Хераклеа.
 
Ваквите истражувања се повторуваат и во 40 години од XX век, кога се вршат сондажни истражувања на хераклејската акропола, под раководството на Антун Жегура, професор по латински јазик во битолската Гимназија и професорот Михајло Петрушевски. Од овој период се до 1975 година истражувањата во Хераклеа се вршат со екипи на Музејот на кнез Павле од Белград, а покасно со екипи од Југословенскиот институт за заштита на спомениците на културата Белград во соработка со веќе формираниот Одбор за Хераклеја Битола.
Од 1975 година, со натамошните систематски истражувања работи и раководи самостојна стручна екипа од Заводот за заштита на спомениците на културата Битола. Античкиот локалитет Хераклеа, зафаќа површина од околу 4 хектари, од кои 1300 м2 мозаични површини. Истражени се и презентирани следните градби :
 
портик на судница од римско време (II в.н.е.)
терма од римско време (II в.н.е.)
театар римско време    (II в.н.е.)
епископска резиденција од ранохристијанското време (IV до VI век)
мала базилика од ранохристијанското време (IV - VI в)
голема базилика од ранохристијанското време (IV - VI в)
градска чешма од времето на Јустинијан (562)
Со грижата, негувањето, чувањето, презентирањето, систематското археолошко истражување, континуираната заштита, конзервацијата на архитектурата и ревитализацијата на Римскиот театар, оживувањето на Хераклејските вечери, богатиот пропаганден материјал, нејзината посетеност со бројки кои достигнуваат над 50000 посетители, Хераклеа се вбројува меѓу ретките музеи на отворено.
 
Богатиот археолошки материјал од досегашните истражувања како репрезент на античкиот период од ова поднебје во најголема мера презентиран е во археолошката поставка на Битолскиот музеј како и во археолошката поставка во самиот локалитет Хераклеа.
 
 
Во простор од околу 50 м2 изложени се материјалипредмети од I век п.н.е. до VI век .н.е. Изложени се предмети од ќерамика, метал и стакло. Најзастапени се монетите, накитот, предмети за секојдневна употреба и бронзена пластика. Централно место во оваа музејска поставка зазема макетата на Римскиот театар која тродимензионално ја дава сликата на целосното истражување на театарот до неговата конзервација и ревитализација. Изработената макета претставува своевиден документ, сведоштво за љубовта и приврзаноста на археологот Др. Томе Јанакиевски кон Римскиот театар, неговите напори од почетните истражувања до конзервацијата и ревитализацијата на објектот.

heraklea_thFollowing Decision No. 1040 on 27.07.1950, the site of Heraclea Lyncestis is promoted into a monument of culture of the 1st category, of extraordinary and universal significance.

Read more ...

The interior of a town room

konzulska_thOn an area of 30 m2, as separate, adapted premises in the central part of the southern wing of the building, we can see the presentation of a townhouse room.

Read more ...

The Exhibition of Mustafa Kemal Ataturk

Првите музејски презентирања во Битолскиот музеј на познатиот државник, таткото на современа Турција, Мустафа Кемал Ататурк, датираат од 1978 година, кога е отворена првата изложба на фотографии, документи и факсмили, кои го прикажуваа животот и дејноста на големиот реформатор на Турција, кој во 1899 година завршил средно воено училиште (Мектеби аскери идади) сместено во денешната зграда на Битолскиот музеј, Старата битолска касарна.
 
Во 1994 година, на простор од 40 м2, со постоечките материјали обогатени со одредени предметикопии сместени во две прикладни витрини и спомен биста за Кемал Ататурк, за прв пат е поставена музејската поставка.
 
Во 1998 година, со договорениот инвестициски зафат меѓу владите на Република Македонија и Република Турција, се адаптира простор од околу 120 м2, во кој Битолскиот музеј со свој кадар и соодветен кадар од Република Турција ја поставија денешната музејска поставка во која е претставен Кемал Ататурк. Оваа поставка свечено ја отворија на 3 октомври 1998 година тогашните престедатели на Република Македонија, Киро Глигоров и на Република Турција, Сулејман Демирел.

ataturk_thThe very first presentation in Bitola's Museum connected to the famous statesman, the father of modern Turkey, Mustafa Kemal Attaturk,

Read more ...

Museum Exhibition

postavka_thПраисторијата ги презентира најстарите остатоци од животот на човекот во Пелагониската котлина, кои потекнуваат од младото камено време неолитот, кое е една од најзначајните историски етапи во развитокот на човештвото. Неговата појава ги означува почетоците на најголемиот процес во општествено економската револуција и почетоците на создавањето на современиот свет.
 
Големиот број наоѓалишта населби, денес познати под името тумби, покажуваат дека Пелагонија во неолитско време била густо населена. Велушка Тумба, Тумба Породин, Тумба Оптичари, Гургур Тумба, Тумба Кармани, во своите културни слоеви кријат материјални остатоци од животот на цивилизации, општествено организирање и културно оформување чија еволуција се одвивала во континуитет.
 
 
Според културните вредности, неолитот овде е познат под името Велушкопородинска група. Од истражувањата на неколку населби од неолитската култура, собрана е и овде презентирана груба, фина и сликана керамика, коскени камени и земјени орудија, предмети сврзани со духовниот живот, култот и религијата на населението преку антропоморфни и тереоморфни садовижртвеници.
 
 
 
 
Доцниот неолит засега е се уште недоволно познат. Додека преодниот период меѓу неолитот и бронзеното време енеолитот, во Пелагонија се обележува со групата Шуплевец Бакарно Гумно. Освен спомнатите две наоѓалишта се констатирани и населбите Тумба Карамани, Тумба Црнобуки, Висок Рид кај Букри и Висои кај Ново Змирнево. Бронзеното време кое претставува етапа во натамошното совладување на техниките за обработка на металот во Пелагонија е се уште малку познато. Раното бронзено време е утврдено во спомнатите локалитети, а доцната бронза е најмалку позната етапа од развитокот на бронзеното време.
 
Железното време I засега се базира исклучиво на предмети од материјалната култура кои потекнуваат од некрополи и поединечни гробови. Од овој период познати се некрополите Бел Камен кај Живојно, Марта кај Зовиќи Сарај кај Брод.
 
Железното време II е презентирано со археолошки материал претежно од гробните наоди од некрополите под могили и рамни некрополи Висои кај Петилеп, Батков Дол кај Мојно, Сламите кај Рапеш.
 
Железното време III кое се поклопува со крајот на архајското и класичното време, претставува време на нови општествени и економски промени. Со јакнењето на домашната племенска аристократија се појавуваат луксузни предмети или нивна имитација. За присуството на вакви предмети зборуваат случајните гробни наоди од Прогон кај Букри и Ластојца кај Драгош. На крајот на железното време во втората половина од IV век п.н.е. започнува историската епоха.
 
Материјалот од Античкото одделение во постојаната музејска поставка е презентиран во две сали, на површина од околу 150 м2. Основен принцип во излагањето на материјалот е хронолошкиот и тоа периодот од IV век п.н.е. до VI век н.е.
 
За разлика од материјалот од архајскиот, класичниот, а донекаде и од постарите фази на македонско хеленистичкиот период кој е послабо застапен, останатите епохи коишто следат се доста добро застапени.
 
Посебно од класичниот и македонско хеленистичкиот период се издвојува богатиот гробен златен накит пронајден на локалитетот “Црквиште” кај село Беранци. Вистински раритет претставува златната обетка од типот “а навичела”, од гробот на младата принцеза, што пак од своја страна покажува дека локалната аристократија ја следела модата на егејскиот културен круг. Но, факт е дека традиционалните влијанија оставиле длабоки траги. Впрочем, копчите и белегзиите од Беранци кои припаѓаат на т.н “змиски стил” се типични занаетчиски создавања на македонско пајонскиот простор.
 
Надгробните стели од селото Црнобуки датирани во средината на IV век п.н.е. се најрани примери на пластична обработка на каменот.
 
Доминантно место во една од салите на Античкото одделение со право му е дадено на брилијантната копија на фигурата на Атена Партенос од II век н.е., која по невообичаената рамнотежа меѓу спокојството и суптилното многу е блиска на Фејдината Атена Партенос на Акропол.
 
Наспроти неа, иако дејствува потресно, трагичната маска со ужасен изглед, пронајдена во Хераклеја е полна со непосредна естетска привлечност.
 
Дека за време на римското владеење израснал моќниот мистериски култ кон египетските божества потврдуваат наодите на Изида од селото Горно Српци од втора половина на II век.н.е. Единствениот, пак, наод на Харпократ (статуета од бронза) кој заедно со Изида и Серапис ја претставуваат тријадата на синкретизираните божества, потекнува од локалитетот Хераклеја.
 
Неповторливиот антички копнеж кон убавината на жестоката машкост е повеќе од евидентна кај бронзената статуа на Меркур од локалитет кај село Живојно. Не помалку впечатлив е и бронзениот тег од I век од Барешани што преставува попрсје на млад војник.
 
За тоа како изгледале македонските гробници вдлабени во карпа и што сé се наоѓало во нив се трите гробници од локалитетот Дибек кај селото Суводол.
 
Во дел од втората сала на античкото одделение презентиран е материјал со силен призвук на христијанството, посебно на производите од тогашните уметнички занаети. Самиот мотив, крст, симболот за дистинкција на христијаните, присутен е кај сите утилитарни предмети од бронза, сребро, злато, коска, стаклена паста. Во таа насока впечатливи се фибулитекопчи со позлата од селото Живојно и бронзените лампи од Хераклеја.
 
Исклучителен експонат од овој период е шлемот од бронза со спојки, датиран 497523 година, а припаѓал на висок византиски великодостојник.
 
Немирните времиња и нападите на варварските племиња (IV век - VI век) се посведочени во двете последни витрини од ова одделение и тоа посебно преку материјалот кој припаѓа на аварословенскиот период.
 
Покрај археолошките експонати, музејската поставка е збогатена и со текстови, карти, фотографии, цртежи и слично, сé со една цел да се создаде појасна престава за одреден период, или посебно локалитет.
 
Средновековниот период во постојаната музејска поставка е прикажан од два аспекти : археолошки и историски. Опфатен е периодот на појавата на словенскиот елемент, првите напади и доселувањето на словенските племиња во текот на V I и VII век, проблемот на континуитет на традицијата како и византиската култура и нивниот сооднос се до втората половина на XIV век, односно до освојувањето на овие простори од страна на Турците. Историските настани се прикажани преку историски карти, фотокопии на документи и извадоци од средновековните хроники. Од археолошки аспект во витрините се изложени вкупно 804 предмети од кои 62 се фрагменти од карактеристични керамички садови; 10 цели и реконструирани керамички садови за домашна употреба; 114 предмети изложени со цел да го дообјаснат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори. Тегови од рибарски мрежи, перли, дел од некој вид друштвена игра, предмети за лично украсување, обетки, наушници, ѓердан со стаклени мониста и сл. Изложени се 689 монети од кои 20-на се анонимни од X и XI век; 99 монети се од средината на XI век до крајот на XIV век (византиски, латински и бугарски, имитација од српски и венецијански). Од поставката од с. Рамна која брои 9182 парчиња византиски чанкасти монети, бакарни монети 253 од Исак II Ангел (11851195) и Алексеј III Ангел (11951203), вкупно 488 парчиња распоредени во 2 групи и 82 парчиња од останатите владетели и Јован II Комнен (11181143).
 
Периодот од крајот на VI и почетокот на VII век е прикажан преку таканаречената преселба на јужните словени на територијата на Балканскиот Полуостров, кога во рамничарскиот дел на Пелагонија се доселува племето Драговити, а во планинските делови племето Березити. Овој период е презентиран со рано средновековни метални делови од коњска опрема, алатки за секојдневна употреба, клучеви. Периодот од IX до XIV век, на појавата на писменоста и Браќата Кирил и Методиј, создавањето на Самоиловото царство, борбите за завладување и доминација на овие простори од страна на Византија, Бугарија, Србија, презентиран е со материјали прикажани на археолошката карта. Меѓу најзначајните наоди од овој период презентирани во музејската поставка е епиграфскиот споменик мермерната плоча со кирилско писмо на Јован Владислав од 1015/17 година. Предметите во средновековниот оддел во постојаната музејска поставка во Битола претставуваат сведоштво за некогашната големина, културниот подем и дострел на средновековието на овие простори.

postavka_thIts appearance marked the beginning of the greatest process of the social economical revolution and the beginning of the creation of the modern world.

Read more ...