Големата мајка

Цена: 1650 ден.

Теракотата е најдена во една куќа на неолитската населба "Тумба" Маџари, Скопје, во 1981 г. Висока е 0,39 м.

Основниот философски концепт е да се покаже Мајката како извор на животот и заштитничка на семејството и куќата. Ликот на Мајката е првиот лик што човекот го гледа по раѓањето. Улогата и местото на мајката во животот е извонредно значајна. Затоа во текот на човековата еволуција таа е централниот култ. Во уметноста таа е нај претставувана во целиот период на праисторијата. Идејата за "Големата Мајка" ликовно е реализирана и претставена преку еден цилиндер со лик што излегува од еден правоаголен постамент - куќа. Истовремено со широко отворените раце го држи покривот и истовремено како да излегува од него. Ликот понекогаш е шематизиран, очите се нагласени, фризура модерна за тоа време, мали гради и раце украсени со пластични белезици. Понекогаш се прикажува во гравидитет. Најстарите уметнички претстави на оваа философска идеа се познати како Венера од Вилендорф (или Вилендорфска Венера, Австрија) и Венера од Вестоњице, Чешка. Во Македонија "Големата мајка" (Магна Матер, или Ге Метер во подоцнежниот грчко - римски пантеон) е најпочитуван култ во периодот на неолитот. Првите претстави се од 6500 до 3500 година пред н.е.
01_golemata_majka_01
01_golemata_majka_02