Ентериер на градска соба

konzulska_thНа простор од 30 м2 во дел од јужното крило од објектот, како издвоен адаптиран простор, презентиран е дел од материјалот

за уметничкото и ѕидно декорирање во ентериерите на битолските куќи од почетокот на XX век.Покрај основната цел да го прикажеме амбиентот на декорот во битолските куќи, направена е реконструкција на ентериерот на градска соба, колоритот на бордурата, розетата, аголните декоративни елементи и картушите.

Всушност, оваа поставка го прикажува амбиентот на битолската градска куќа од периодот на националната преродба, во сите сфери од растежот и живеењето на младата македонска буржуазија и интелегенција чии врски со западно европските и балканските земји донесоа нов сензибилитет и естетика во начинот на живеење, градење, облекување, декорирање и размислување.