Магијата на Накитот

nakit_thАвтори: Здравка Маретиќ, Мери Стојанова

Место: НУ Завод и Музеј Битола

Време: Август, 2008

Живот искован во метал.

Љубов исплетена во нитки.
Магија вткаена во слика.
Почеток, а сепак бескрајна  вечност.
Бескрајна приказна од мудрост и уметност. Приказна за животот и љубовта. Непресушен извор на исконското вдахновение.
Овие атрибути се сосема мал и можеби безначаен дел за да ја раскажат вистинската приказна за кујунџиите и предметите кои се родиле од нивните раце.
Накитот како симбол на убавината отсекогаш ги растреперувал душите на луѓето. Ги украсувал нив самите, го покажувал нивниот општествен статус, ја изразувал внатрешната (душевна) убавина, нивниот животен стил.
Во исто време ја означувал радоста на невестата, но и горделивоста на момата. Зборувал за градската мода, но потсетувал и на сопствените корени длабоки колку и животот, вткаени таму некаде во планинските или рамничарските села.
И едниот и другиот со ист дух да украсува, но и да штити во исто време. Злато, сребро, месинг или кој и да е друг метал, исткаени од магичните раце на мајсторот во различни мотиви, кои сепак имаат посебно метафизичко значење.
А кујунџиите раскажувачи . . .