Нашите најрани предци и нивната еволуција

Категорија: Праисторија / Prehistory

        Околу 98,5 проценти од гените на луѓето и шимпанзата се идентични, со што шимпанзата се најблиски биолошки роднини на луѓето. Тоа не значи дека луѓето еволуирале од шимпанзата, но индицира дека и двата вида потекнуваат од заеднички предок, кој веројатно живеел пред 8-6 милиони години. Луѓето му припаѓаат на научниот ред наречен примати, група од преку 230 видови на цицачи, од кои најблиски им се мајмуните.

   Модерните луѓе, раните луѓе, и другите видови на примати, имаат многу сличности исто како и значајни разлики. Знаењето за овие разлики и сличности им помага на научниците да разберат многу од човековите особини, како и значењето на постепената човекова еволуција. Сите примати, вклучувајќи го и човекот, имаат заеднички карактеристики кои ги одделуваат од останатите цицачи. Многу од тие карактеристики се развиле при адаптирањето во живеењето на дрвата, каде еволуирале раните примати.
        Така, за сметка на мирисот се развил видот; се зголемило видното поле со стереоскопскиот (тродимензионален) вид; нозете и рацете се приспособиле за качување и скокање по гранките и стеблата; се развиле рацете со вешти прсти и нокти наместо канџи така што можеле да берат и манипулираат со помали предмети; се зголемил мозокот во однос на телото; се развил покомплексен заеднички живот.
        Но карактеристиката на нашите предци, т.н. хомониди, е двоножноста. Најраниот човек, првиот хоминид, (Australopithekus ramidus) a се појавил во Африка пред 4 милиони години.
        Во Африка се одвивал и поголемиот дел од човековата еволуција, фосилите од раните луѓе кои живееле пред 6 - 2 милиони години се овде најдени.
        Првиот член на генот Хомо, (homo habilis) а живеел во источна Африка најмалку пред 2 милиона години. Homo habilis бил првиот хоминид со значително поголем мозок (со капацитет на черепот од околу 750 кц).
        Пред околу 1,6 милион години, Homo habilis се развил во поголем, поробусен вид со поголем мозок - Homo erectus, чија зафатнина на черепот варирала од 900 кај помладите видови до 1050 кај подоцнежните. Homo erektus пред околу 1 милион години се населил во Азија, Индонезија и Европа.
        Помеѓу 400.000 и 250.000 години, Homo erektus се развил во Homo sapiens. Засега е најдена само подврстата на Homo sapiens neanderthalensis кој одговара на еден архаичен облик од Homo sapiensot. Некои научници го сметаат неандерталецот за одделен вид, не многу близок на модерниот човек. Кус, снажен хоминид, со истакнати коски кај веѓите, закосено чело и поголем мозок што кај модерниот човек, неандерталецот добро се адаптирал на арктичката зона која ја населил.
         Наоди од човечко населување во Европа за првпат имаме пред 350.000 год., во интерглацијалниот период Миндел/Рис.
        Најстариот вистински човек, Homo sapiens sapiens, датираодпред 120.000 год, најден во јужна Африка. Генетските истражувања ја подржуваат теоријата за афричкото потекло на Homo sapiens sapiensot пред 200.000 до 140.000 години. Артефактите и биолошките остатоци не информираат дека тој, современиот човек, на Блискиот Исток се појавил пред 90.000 год, а во Европа пред 40.000год.

05

Аустралопитекинезерот, далечниот човечки предок, минувал одреден дел од времето на дрвата. Имал долги, заоблени прсти кои му помагале да ги дофаќа гранките во качувањето по дрвата. Во овој уметнички приказ, членовите на групата од видот Australopithecus africanus берат плодови на врвовите од дрвата каде се безбедни од можните напаѓачи како лавовите. Иако аустралопитекинезерите вешто се движеле по дрвата, тие биле и целосно исправени и минувале доста време на земјата.

 

06

Археолошките истражувања покажуваат дека раните видови на генот Хомо можеби биле првите човечки предци кои јаделе месо. Во предниот план на овааа уметничка изведба, мајка и дете делат месо од животински труп. Поскоро одошто да ловат, овие рани луѓе често морале да ги лешинарат веќе убиените животни од други ѕверови, користејќи едноставни алатки за сечење на трупот.

 

07

Во 1978 во Танзанија, истражувачкиот тим воден од британскиот антрополог Мери Лејкеј ги откри овие отпечатоци на 3,6 милиони години стариот човек, сочувани во слојот на оладен вулкански пепел. Двајца од видот Australopitekhus afarensins оставиле отпечатоци од стапалата како одат низ афричката савана.
 

08

Australopithecus afarensls
Australopitekus afarensis еден од најраните човекови видови, живел помеѓу 4 и 3 милиони години пред н.е. Овој череп е составен од коскени фрагменти од повеќе различни индивидуи. Посветлите делови се најдените коскени фрагменти, а деловите што недостасуваат се исполнети за да го прикажат целосниот изглед.

 

09

Черепот на Homo neanderthalensis (лево) значително се разликува од оној на модерниот човек, или Homo sapiens sapiens (десно). Неандерталецот има поцврсто изграден череп, искосено чело и јаки веѓни гребени, што е во контраст со тенките черепни ѕидови, високото чело и рамното лице на модерниот човек. Неандерталецот исто така има повеќе истакната и снажна вилица од модерниот човек.

 
10
Женски череп на homo erectus
Фосилите од алати и скелетите на големите цицачи најдени во близина на фосилите од Homo erektus, или "исправениот човек", сугерираат дека овој човечки предок живеел многу покомпликуван живот од неговите предци. Иако анатомската структура на овој вид кореспондира со модерниот човек, антрополозите откриле дека човечкиот мозок преживеал многу измени за време на еволуцијата од Homo erectus до модерниот човек. Homo erectus се појавил пред 1.5 милион години.

 

11
Споредба помеѓу череп од Homo Erektus (лево) и Homo Sapiens (десно)

12
Добро зачуван череп од кромањонец, најден во Англија; десно: реконструкција на кромањонецот направена од прочуениот антрополог Морис Путнам Кун.

13
Луѓето минале низ големи анатомски измени во текот на еволуцијата. Оваа илустрација го претставува Australopithecus afarensis (во средината), најраниот од трите вида; Homo erectus (лево), еден меѓу вид; и Homo sapiens sapiens, модерниот човек. Homo erektus и модерниот човек се многу повисоки од A. afarensis и имаат порамни ликови и доста поголеми мозоци. Модерниот човек има поголем мозок од Н. erektus и скоро рамно лице.

14

Патиштата на човековата миграција

Преземено од:
„КАДЕ E НАШЕТО МИНАТО“
ВОВЕД KOH ПРАИСТОРИЈАТА HA ПЕЛАГОНИЈА
ЗДРУЖЕНИЕ HA ГРАЃАНИ И ЉУБИТЕЛИ НА АРХЕОЛОГИЈАТА „ВИСОИ" - Битола
во соработка со ЗАВОД И МУЗЕЈ - Битола

Издавач: з.г. "ВИСОИ" - Битола

Текст: Марија Василева
Фото: Јован Василевски
Превод на англиски: Афродита Костовска
Лектура: Методија Размовски (македонски), Софија Атанасова (англиски)
Рецензија: Србиновски Пеце, Симоска Драгица Подготовка и печат: "АРТ-СТУДИО" - Битола
Битола, февруари 2005.