18.05.2015 - Работилници "Учиме за нас" по повод 18-ти мај - Меѓународниот ден на музеите

Категорија: Настани / Events

По повод 18-ти мај - Меѓународниот ден на музеите, Н.У. Завод и музеј Битола, како и секоја година, организираше повеќе едукативни музејски работилници.

den na muzeite 1

Оваа година, најголем акцент на работилниците беше ставен на графиката, заради отварањето на Меѓународното графичко триенале на истиот ден. Учествуваа околу 200 ученици од ОУ Стив Наумов од Битола и ОУ Крсте Петков Мисирков од с. Бистрица.

Работилниците се во рамките на проектот "Учиме за нас", поддржан од Министерство за култура на РМ.

18.05.2015 - Работилници "Учиме за нас" по повод 18-ти мај - Меѓународниот ден на музеите

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it