Европски денови на културно наследство - 22.09 - 01.10.2015

Категорија: Настани / Events

Европски денови на културно наследство е заедничка иницијатива на Совет на Европа и Европска Унија која се организира секој септември во 50 земји од Европа од 1999 година.

evropski denovi na kult nasledstvo

Во рамките на ЕДКН на ниво на Европа, ќе бидат организирани 50 000 настани, кои ќе бидат посетени од 20 милиони посетители.
Македонија се придружи на ЕДКН пред 20 години.
НУ Завод и музеј Битола секоја година ги одбележува ЕДКН. Препораките за организирање на настани од ЕУ се бесплатни тури низ музеите и локалитетите, отварање на изложби но и организирање на едукативни работилници со најмладите.
Целта на ЕДКН е подигнување на свеста кај европските граѓани за богатото и разнолико културно наследство, почитување, толеранција, информирање на авторитетите за потребата од заштита на културното наследство, особено тоа што е во опасност.
Годинава акцент е ставен на  техничкото и индустриско наследство. Со тоа се предвидува посета на стари железнички станици, поранешни фабрики и други капацитети ( пивари, млинови...) каде се приказните за промени, развој и креативност, каде и како работеле нашите предци, типот на работните места, каков бил животот.
***
Во текот на деновите на одбележување на Европски денови на културно наследство беа имплементирани едукативни работилници и тоа:

- Едукативни работилници за деца од 2- 6 години " Kреираме и чуваме-Учиме за нас " – работилници во постојана поставка на НУ Завод и музеј со деца од градинката Ѕвездички при ЈОУГД Мајски цвет,воспитувач  м-р Татјана Здравева

- Едукативни работилници за деца од 8 години " Мулти културнаБитола" – посета на споменици на култура, наставничка Мери Наумова, ОУ Елпида Караманди;

- Едукативни работилници за деца од  15 години "Индустрија и превоз во Битола " – посета на стари фабрики и железничката станица  со ученици од средните училишта во Битола.

Европски денови на културното наследство

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it