Креативни работилници во ОУ Крсте Петков Мисирков во с.Бистрица по повод патрониот празник на училиштето

Категорија: Настани / Events

Завод и Музеј - Битола на покана на О.У. Крсте Петков Мисирков во с.Бистрица, организираше три работилници од областа на културното наследство по повод патрониот празник на училиштето (18.11.2015).

ou krste misirkov bistrica 18 noe 2015 0370

Трите вредни екипи, заедно со нас и со нивните наставници изработија неколку дела, ракотворби, што ќе ги красат нивните простории.

Теми кои беа  избрани и обработени  за овој ден побудија интерес кај учениците се следните:  “ Мозаик со мотив од Хераклеја ”, “ Стара и нова Битола низ  разгледници ” и “ Едукативна сложувалка-мотиви од мултикултурното  наследство на Битола”.
•    Работилниците се во рамките на проектот “Учиме за нас” поддржан од Министерство за култура на РМ, Балканска Мрежа на Музеи и Културно наследство без граници БиХ.

18.11.2015 - Патронат ОУ Крсте Петков Мисирков - Бистрица

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it