• Име на предметот: Биста на Никола Тесла
  • Период/датација: Седумдесетите години на дваесеттиот век
  • Потекло: Автор – битолскиот вајар Сотир Димовски, Создадена во Битола
  • Материјал/техника: Гипс
  • Димензии: 50 х 30 х 20 см

Кратка приказна и опис: Бистата претставува реалистички приказ на ликот на големиот научник Никола Тесла. Авторот верно ги извајал во благ рељеф сите елементи на неговиот лик. На предната страна – најгоре е неговата високо подигната коса над челото, прикажана со длабоки линии и зарези. Под неа е неговото чело, заоблено, високо, со набори кои покажуваат мисловна сконцентрираност. Веѓи испакнати, доловени со тенки линиски зарези.

Биста на Никола Тесла, седумдесетите години на 20 век
Ликот го карактеризираат широки и истакнати јаболкчници над образите, авторот нив ги потенцирал. Понатаму, авторот ги потенцирал носот преку испакнати површини, стиснатите усни и истакната енергична брада.

Овој начин на прикажување на ликовите во вид на скулптура е во реалистичен стил, што значи дека авторот настојувал колку што е можно повеќе да го долови вистинската реална состојба на ликот, во случајот познатиот научник Никола Тесла.