Автор: Наде Геневска Брачиќ

Место: НУ Завод и Музеј Битола

Време: Декември, 2006

Предметите во колекцијата на градските костими се датирани од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Иако според бројноста на застапените примероци не е голема, таа сепак го отсликува културно историскиот развој на Битола а посебно развојот на градската облека.

Крајот на 19 и почеток на 20 век, е значаен за Битола, кога таа го имала централното место во Европска Турција и претставувала административен, воен и трговски центар со разновиден етнички состав и конфесионална припадност на населението. Во градот имало присуство на дипломатски претставништва, конзулати и вицеконзулати како и трговски агенции на големите Европски земји, кои допринесувале да се менува начинот на живеењето a со тоа и облекувањето. Со развиените трговски врски со европските земји, Битола најрано од градовите во Македонија од ориентален, прераснува во европски град.
Стилот и духот на овие промени се согледува и во начинот на облекувањето. Во овој период мошне е изразена и знаковната функција на облеката кога точно можело да се знае општествената позиција, социјалната и економска положба како и етничката припадност на секој поединец. Според облеката можела да се одреди и брачната состојба, возраста, занимањето и други особини на членовите на општествената група на која припаѓаат.
Во начинот на облекувањето егзистираат два главни типови на костими и тоа:„ала-турка” или ориентален начин на облекување, кое е последица на повеќе вековното владеење на Турците и„ала-франга” или Европското влијание во облекувањето донесен од се поголемиот број на претставници од Европските земји.
Влијанието на владејачкиот етнос, Турците било доминантно како резултат на повеќе вековното владеење на Балканот. Тие го диктирале облекувањето со различни наредби и забрани.
Во почетокот на 20 век завршува процесот на напуштање на ориенталниот и прифаќање на европската мода во облекувањето во градските средини.

Предметите во колекцијата на градските костими се датирани од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Иако според бројноста на застапените примероци не е голема, таа сепак го отсликува културно историскиот развој на Битола а посебно развојот на градската облека.Крајот на 19 и почеток на 20 век, е значаен за Битола, кога таа го имала централното место во Европска Турција и претставувала административен, воен и трговски центар со разновиден етнички состав и конфесионална припадност на населението. Во градот имало присуство на дипломатски претставништва, конзулати и вицеконзулати како и трговски агенции на големите Европски земји, кои допринесувале да се менува начинот на живеењето a со тоа и облекувањето.

Со развиените трговски врски со европските земји, Битола најрано од градовите во Македонија од ориентален, прераснува во европски град.Стилот и духот на овие промени се согледува и во начинот на облекувањето. Во овој период мошне е изразена и знаковната функција на облеката кога точно можело да се знае општествената позиција, социјалната и економска положба како и етничката припадност на секој поединец. Според облеката можела да се одреди и брачната состојба, возраста, занимањето и други особини на членовите на општествената група на која припаѓаат.Во начинот на облекувањето егзистираат два главни типови на костими и тоа:„ала-турка” или ориентален начин на облекување, кое е последица на повеќе вековното владеење на Турците и„ала-франга” или Европското влијание во облекувањето донесен од се поголемиот број на претставници од Европските земји.Влијанието на владејачкиот етнос, Турците било доминантно како резултат на повеќе вековното владеење на Балканот. Тие го диктирале облекувањето со различни наредби и забрани.Во почетокот на 20 век завршува процесот на напуштање на ориенталниот и прифаќање на европската мода во облекувањето во градските средини.