01
Време: 08.07.2011г. во 20.30ч.
Место: Културен Центар МАГАЗА

ОПШТИНА БИТОЛА,
НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ БИТОЛА И
РЕСЕНСКА КЕРАМИЧКА КОЛОНИЈА
BE ПОКАНУВААТ НА
ИЗЛОЖБА ХОЛАНДСКА КЕРАМИКА
ОД ФОНДОТ НА РЕСЕНСКАТА КЕРАМИЧКА КОЛОНИЈА
Изложбата ќе ја отвори Симоне Филипини амбасадорка на Холандија во Р.Македонија
МАГАЗА, 08.07.2011г. во 20.30ч.

01

Ресенската керамичка колонија е формирана во 1973 година и без прекин работи до денес. Во овој период од 38 години, на меѓународните сесии во ателјето на Колонијата во Отешево се создадени преку 1000 експонати од 238 уметници од 24 земји од целиот свет – од Соединетите држави, Нов Зеланд, Украина, до Јужна Кореа, од Данска, Швајцарија, Турција,  до Италија. Дел од нив, околу 400, се изложени во нејзината Галерија во зградата „Сарај“ во Ресен.

Со ваквата дејност на Ресенската керамичка колонија беше овозможено Европа и светот да дознаат за вредностите што ги нуди Македонија на ова поле.

Покрај својата творечка и галериска активност, Ресенската керамичка колонија има и  издавачка дејност што се поврзува и со изложбената. Во изминатиов период се организирани 47 изложби во земјава и во странство, издадени се 15 каталози и 2 монографии. Постојат 260 библиографски единици од печатени медиуми, 7 документарни ТВ емисии, безбројни интервјуа на националното и локални радија. Во 1998 г. е снимен краткометражен документарен филм „Копнеж по глина“ претставен на повеќе културни манифестации и фестивали.

Во 2000 година Ресенската керамичка колонија е примена под  уставното име на нашата земја, Република Македонија, за рамноправна членка на Маѓународната Академија за Керамика при УНЕСКО, со седиште во Женева (IAC – International Academy of Ceramics within UNESCO), во категоријата на професионални асоцијации, меѓу девет такви од целиот свет.

Манифестацијата БИТОЛСКО КУЛТУРНО ЛЕТО ја прифати иницијативата на Ресенската керамичка колонија да претстави 10 холандски керамичари кои твореле во ателјето на Колонијата во Отешево и со тоа на љубителите на оваа специфична уметност – творење со помош на земјата, водата и огнот, да им овозможи да го почувствуваат творечкиот восхит на холандските уметници. Тој творечки восхит беше инспириран од Преспанското Езеро, од Галичица и Пелистер, од Курбиново и Слимница, од Хераклеа и Охрид, од македонската музика и црното вино… Од нашето сонце…

Ве поканувам да поминете по мостот на пријателството меѓу македонскиот и холандскиот народ што го изградија Ресенската керамичка колонија и авторите-керамичари и да им се радувате на нивните дела изложени во галеријата МАГАЗА.

Мите Ноневски

Виш кустос

02

04

05

06

07