• Име на предметот: Монета на Александар III Македонски, тетрадрахма
  • Период/датација: III век п. н.е.
  • Потекло: лок. Барутница, с. Долно Егри
  • Материјал/техника: сребро/ковање
  • Димензии: дијаметар 26 мм, тежина 17,1 гр.

Кратка приказна и опис: Аверс – Александар III Македонски претставен како Херакле, со лавовска глава на главата, профил во десно.

Реверс – Зевс седнат на лево врз престол, со скиптар во левата рака, десната рака испружена и врз неа седи орел. Во левото долно поле е претстава на божицата Нике. Горе пишува AΛEΞANΔΡOY, а десно BAΣIΛEΩΣ. На крај е буквата М.

Прв македонски крал кој ковал монети бил Александар I.

Филип II Македонски прв исковал златна монета – статер.

Монета на Александар III Македонски, 3 век п. н.е.

Правењето на монети особено се развило за време на владеењето на Александар III Македонски. Во текот на своето владеење успеал да ја прошири територијата на Македонија од Египет до Индија и на тој огромен простор во циркулација биле неговите златни, сребрени и бронзени пари кои се ковале во триесетина ковници низ целата империја. Високата чистота на металот од кој биле ковани неговите пари условиле овие монети да станат општоприфатено меѓународно платежно средство.

Македонските кралеви се често претставувани со лавовска кожа на главата, онака како што е претставен Херакле, бидејќи верувале дека потекнуваат од овој прочуен антички јунак.