Од раноантичкиот период, според досегашните археолошки истражувања, заслужуваат внимание локалитетите: Градиште- Живојно, Градиште-Беранци, Еленик-Мојно. Македонско-елинистичкиот период посебно е потврден во Хераклеја со истражувањата на акрополата, односно утврдувањето на врвот на ридот кој е недоволно истражен. Всушност, преку археолошкиот локалитет Хераклеја може да се следи постоењето на еден антички град од IV век п.н.е до VI век по Христа и средновековната некропола од XXI век. Посебно преку класичниот римски период претставен е локалитетот Хераклеја.
Доцноантичкиот период познат ни е преку локалитетите: Кале кај с. Доленци, Суводол кај месноста Сланец со стара христијанска базилика, Суви ливади кај Доленци со старо христијанска базилика, месност Тури Граф кај с. Суводол, населбата Садеви кај Велушина, Мавер кај с. Параловонекропола и др.
Сите истражени и познати археолошки наоѓалишта од Битола и Битолско се регистрирани во индексот на Археолошката карта на Република Македонија.
Паралелно со истражувањата во овој оддел се врши научно истражувачка и конзерваторска обработка на материјалот и неговото документирање. Не помалку интензивно се работи на презентација на археолошкото богатство на овие краеви со бројни изложби, предавања и трибини организирани од страна на стручниот кадар.
Ова одделение располага со импозантен фонд од околу 12000 инвентарисани предмети и други видови материјали со над 170 регистрирани и евидентирани локалитети на територијата од Општина Битола.

Од раноантичкиот период, според досегашните археолошки истражувања, заслужуваат внимание локалитетите: Градиште- Живојно, Градиште-Беранци, Еленик-Мојно.

Македонско-елинистичкиот период посебно е потврден во Хераклеја со истражувањата на акрополата, односно утврдувањето на врвот на ридот кој е недоволно истражен. Всушност, преку археолошкиот локалитет Хераклеја може да се следи постоењето на еден антички град од IV век п.н.е до VI век по Христа и средновековната некропола од XXI век. Посебно преку класичниот римски период претставен е локалитетот Хераклеја.