Извадок од публикацијата: „КАДЕ E НАШЕТО МИНАТО – ВОВЕД KOH ПРАИСТОРИЈАТА HA ПЕЛАГОНИЈА“
Издавач: з.г. “ВИСОИ” – Битола, НУ ЗАВОД И МУЗЕЈ – Битола; Текст: Марија Василева; Фото: Јован Василевски; Превод на англиски: Афродита Костовска; Лектура: Методија Размовски (македонски), Софија Атанасова (англиски); Рецензија: Србиновски Пеце, Симоска Драгица Подготовка и печат: “АРТ-СТУДИО” – Битола; Битола, февруари 2005. 



При крајот на 4. милениум пред н.е. климата во цела Европа осетно се изменила. Поради падот на температурата и намалување на влажноста на воздухот, шумите се проретчиле, a површините обраснати со трева, грмушки и трска се прошириле. Многу животни ја напуштиле средината во која живееле, а на многу места плодното земјиште се изгубило.

Тоа влијаело секојдневието на човекот, кој во ново настанатата природна средина морал да ги напушта сталните живеалишта и да бара нови погодни места за живот борејќи се за опстанок и обезбедување храна. Така настанаа големите измени во дотогаш традиционалните култури во скоро сите делови од Европа.

Во тоа време климатски промени ги зафатиле Азија и Африка. По долините на реките Тигар, Еуфрат и Нил, се сушат големите мочуришта и стануваат погодни за обработка. Овие огромни пространства на плодна почва привлекле голем број на луѓе. Бројноста на популацијата и новите услови, барале изнајдување на нови начини на опстанок: заедничко решавање на проблемите, поголема организираност во работата, и сл., така што семејствата и родовите почнале да се собираат во села, кои подоцна некои ќе се претворат во градови. Така овде постепено се случуваше раѓањето на цивилизираното општество: никнале политички целини, се специјализирало занаетчиството, се организирала трговијата, се открило писмото и се создавала монументалната архитектура. Одовде, цивилизацијата постепено се шири на север зафаќајќи ги егејското подрачје и Анадолија.

Во археолошката наука овие крупни промени насекаде во светот, се означуваат како појава на нова епоха, наречена времето на бакарот, односно енеолит (од латински aheneus -бакар и грчки λιθοζ -литос -камен), или пак халколит (од грч. χαλκοζ -халкос -бакар), според воведувањето на новата сировина во производството, бакарот, како почеток на обработката на металите, што ќе стане главен двигател во културната преобразба и развиток. Иако и во претходните епохи човекот ги познавал металните руди, промената се јавува со појавата на металургијата. Чистиот бакар се издвојува од рудата при температура над 1085 степени Целзиусови, што кажува дека првите металурзи веќе ја имале усовршено печката за глинени садови, a новината била внесувањето на повеќе воздух со помош на мевови. Но чистиот бакар е непригоден за орудија и оружја, за сечива со јак режач, затоа такви предмети, масивни и тешки, ретко се изливале. Мекиот и лесно обработлив бакар имал многу предимства над потешко обработливото дрво, коска и камен, поради што најчесто се употребувал за правење на накит и придружни делови на облеката.

Заедниците во континенталните делови на Балканскиот полуостров, повеќе од еден милениум, приближно од 3.200 до 2.000 г. пред н.е., се наоѓаа во процепот помеѓу двата ново настанати света, подеднакво силни, но истовремено сосема различни, помеѓу агресивните номади од јужноруските степи и динамичната, веќе урбана култура од егејското подрачје.   Полуномадите и одгледувачите на коњи, кои живееле помеѓу Кавказ и долна Волга, научиле во последните столетија од 4в. пред н.е. од жителите на Грузија и Азербејџан, на бакарот да му додадат арсен и од оваа легура слична на бронзата, да произведат убиствено оружје. Благодарејќи на оваа вештина, тие со своите стада и коњи се шират кон средна и југоисточна Европа. Од Панонската низина, преку Дунав, Морава и Вардар стигаат и до Пелагонија. Овдешното мирно земјоделско жителство не било во состојба да даде позабележителен отпор, така што извесен дел побегнал во повисоките горски предели, а повеќето останале на својата земја асимилирајќи ја постепено културата на освојувачите. Како симбиоза на автохтоната традиција, културата на освојувачите од руските степи и егејските влијанија, во Пелагонија се создава една нова, енеолитска култура.

Шуплевец, Долно Ореово

Шуплевец, Долно Ореово

Шуплевец, Долно ОреовоШуплевец, Долно Ореово

Шуплевец, Долно Ореово Шуплевец, Долно Ореово

Тумба, ЦрнобукиТумба, Црнобуки

Капаци за садови во облик на женска фигура во долг фустанКапаци за садови во облик на женска фигура во долг фустан

Овој процес на симбиоза и асимилација на различни, во основа, елементи значаен е во формирањето, односно етногенезата на европските, посебно на палеобалканските народи. Тоа се првите индоевропјани, големата јазична групација која по се изгледа своето јадро го формирала во понтско-степските подрачја: динамичните, сточарски племиња од овие краеви, во рамките на своите брзи движења можеле уште во својата матична земја да го создадат основното јазично индоевропско единство. Со ширењето низ другите региони посебно низ долниот Дунав, југоисточна Европа и низ Балканот, овие организирани групи ги пренеле со себе и основните својства на примитивниот индоевропски јазик. Во понатамошното сродување co старо седелските елементи, создадени се основи за разгранување и делење на таа основна јазичка заедница и формирање поодделни индоевропски јазици (како грчкиот, македонскиот, албанскиот.и др.

Но, засега, степенот на археолошките истражувања на локалитетите од овој период е премногу мал за да може поконкретно да се дефинира. Малите заштитни интервенции и пробни ископувања на лок. Шуплевец, кај с.Суводол, Тумба кај с. Црнобуки и Црквиште кај с.Трап, не откри многу од начинот на живеење на тогашниот човек, неговата економија, религиозна концепција и обичаи. Не знаеме на пр. дали го обработувал бакарот.

Куќите ги градел во зависност од сировините во околијата, така на пр, на повисоките места , во горите, живеалиштата се граделе од камен (како Шуплевец во Суводол, каде е користено и природното лежиште на стената), додека оние во рамницата и понатаму се градат од дрво и земја. Орудијата се од истиот сировински материјал: камен и коска, со тоа што камените секири сега се продупчуваат во средината за поставување дршка. Новина во материјалната култура е што во изработката се повеќе се имитира изгледот на металот.   Керамиката е темносива до црна и во украсот користи канелури, карактеристични за металните садови, или во глинената пластика, статуетките, фигурите на жени, се изработуваат во една стилизирана повеќе геометриска форма. Од керамичките садови се најдени чиниите со конусна или биконусна профилација, поголеми бокали со една или две држалки, садови налик на вазни со две повисоки држалки во различни големини кои веројатно имале повеќе сакрално значење, садови- цедилки, конусни капаци. Се украсувале со врежување орнаметника или вдлабување во уште свежата глина, изведена со слободна рака или со одредена дрвена алатка која вртејќи се околу цврстата оска, како што ја движел грнчарот на површината од садот, го отпечатувале на алатката врежаниот мотив. Керамиката ја украсувале и со боење, најчесто со паралелни цик-цак бели ленти, со внесување на бела боја во врежаните мотиви (инкрустрација), или со специјална техника на гребење врз сјајната површина на садот. На сличен начин се декорирани и женските фигури, само што овде се имитираат украсите на облеката.

Оштетена фигурина - стилизирана претстава на жена, со вдлабнување за всадување на главата

Оштетена фигурина – стилизирана претстава на жена, со вдлабнување за всадување на главата
Оштетена женска фигура, чии украси на облеката се прикажани со врежани линии во водената глинаОштетена женска фигура, чии украси на облеката се прикажани со врежани линии во водената глина

Бремена жена, седната на столче, со откршена глава Бремена жена, седната на столче, со откршена глава

Грубо изработена фигура на седната жена, со капа на главата во вид на шубараГрубо изработена фигура на седната жена, со капа на главата во вид на шубара

Горен дел од женска фигура; Тумба, Црнобуки Горен дел од женска фигура; Тумба, Црнобуки

Дел од религиозен предмет - можеби жртвеник, во облик на животно, веројатно рис, керамика; Шуплевец, Долно ОреовоДел од религиозен предмет – можеби жртвеник, во облик на животно, веројатно рис, керамика; Шуплевец, Долно Ореово

Скиптар од камен со стилизирана претстава на коњска глава, кој се поставувал на дрвена дршка, симбол на достоинство и водечки статус во племенската заедница, карактеристичен за коњаниците од степско-кавкаското подрачје; Шуплевец, Долно Ореово Скиптар од камен со стилизирана претстава на коњска глава, кој се поставувал на дрвена дршка, симбол на достоинство и водечки статус во племенската заедница, карактеристичен за коњаниците од степско-кавкаското подрачје; Шуплевец, Долно Ореово

Каменец, КараманиКаменец, Карамани