Етнолошкиот оддел денес, како составен дел на комплексниот Битолски музеј, своето формирање и развој го доживува од 50-те години на XX век. Во досегашниот развој ова одделение особен интерес пројавува кон истражувањето, проучувањето, собирањето, одржувањето и презентирањето на богатото културното наследство особено од битолскиот регион.
Збирка на народни носии
Територијално народните носии ги опфаќаат селата од брсјачката етнографска целина кои систематски се поделени според етнопределите на кои што припаѓаат: Горни села или Потпелистерски, Битолско Поле, Цапарско Поле, Мариово, Моштенски села, Демир Хисар Железнец и Смилево како Мијачка оаза. Потеклото на носиите е од крајот на XIX век и средината на XX век, каде може да се следи континуитетот на носијата кога кај неа биле застапени сите атрибути и симболични значења и каде се нотира нивното менување и напуштање. Носиите се издвоени на женски, машки и помал дел детски поделени според животната старост и функција. Музејскиот фонд од овој тип музејски предмети изнесува 1500 од кои 40 комплетни.
Збирка на градски носии
Носиите потекнуваат од Битола од крајот на XIX век и почетокот на XX век. Поделени се на женски и машки. Според влијаниата што биле доминанатни во овој период поделени се од типот “Ала Турка” каде преовладуваат ориенталните влијаниа и типот “Ала Франга” каде преовладуваат западно европските влијанија. Посебно место заземаат и предмети кои се развиваат како продолжение на старобалкански влијанија. Фондот од овој тип музејски предмети изнесува 120.
Збирка на килими
Оваа збирка располага со десетина примероци килими кои по својата изработка и орнаментика претставуваат обележје на овој период од градската покуќнина во Битола.
Збирка на ткаенини и текстилни предмети
Фондот од овој тип музејски предмети претставува збир од околу 70 предмети што многу се употребувале во секојдневната и празничната покуќнина: покривки, пердиња, милиња, черги и др.
Збирка на накит и предмети за украсување
Како фонд од 350 предмети, накитот но и предмети како за лично украсување, така и за украсување на облеката се со исклучителна разновидност (селски и градски) и претставуваат одраз на богатата македонска култура.
Збирка на предмети од импорт
Импортираните премети од порцелан, керамика, стакло, мајолика, намештај и музички инструменти, како фонд ја надминуваат бројката од 620. Значајно е да се каже дека овој фонд предмети кој претежно потекнува од средината на XIX и почетокот на XX век, како материјал донесен од повеќето европски градови и ги пополнувал ентериерите на битолските куќи.
Позначајни изложби :
“Музички народни инструменти” 1976 година
“Од збирките на битолскиот музеј” 1989 година
“Народниот накит и китењето во Македонија” 1985
“Импортот во Битола” 1996 година
“Од трезорите на Битолскиот музеј” 1998 година
“Резба вчера и денес” 2002 година
“Етнокултурата на Битолската чаршија” 2003 година
“Традиционални костуми на етникумите” 2003 година
Изложба “Битието, духовноста и културното жувеење во Битола низ вековите” 2004 год.
Постојаната поставка “Ентериер на градскиот амбиент од XIX век” 2004 година.

Етнолошкиот оддел денес, како составен дел на комплексниот Битолски музеј, своето формирање и развој го доживува од 50-те години на XX век.

Во досегашниот развој ова одделение особен интерес пројавува кон истражувањето, проучувањето, собирањето и презентирањето на богатото културно наследство од битолскиот регион, Преспа и Демир Хисар.

Фондот на музејски предмети во рамките на етнолошкиот оддел вклучува повеќе од 6000 поединечни предмети.

Во рамките на етнолошкото одделение се застапени три посебни реферати и тоа:

  • „Реферат за носии, ткаенини и текстил“,
  • „Реферат за накит и покуќнина“
  • „Реферат за духовна култура, народно стопанство, занаети и народни музички инструменти“.

Во рамките на секој од поединечните реферати, а согласно  природата на материјалите,  музејските предмети се поделени во посебни збирки.

Збирка на народни носии

Територијално народните носии ги опфаќаат селата од брсјачката етнографска целина кои систематски се поделени според етнопределите на кои што припаѓаат: Горни села или Потпелистерски, Битолско Поле, Цапарско Поле, Мариово, Моштенски села, Демир Хисар Железнец и Смилево како Мијачка оаза. Потеклото на носиите е од крајот на XIX век и средината на XX век, каде може да се следи континуитетот на носијата кога кај неа биле застапени сите атрибути и симболични значења и каде се нотира нивното менување и напуштање. Носиите се издвоени на женски, машки и помал дел детски поделени според животната старост и функција.

Збирка на градски носии

Носиите потекнуваат од Битола од крајот на XIX век и почетокот на XX век. Поделени се на женски и машки. Според влијанијата што биле доминанатни во овој период поделени се од типот “Ала Турка” каде преовладуваат ориенталните влијаниа и типот “Ала Франга” каде преовладуваат западно европските влијанија. Посебно место заземаат и предмети кои се развиваат како продолжение на старобалкански влијанија.

Збирка на килими

Килимите кои се застапени во музејската збирка, потекнуваат од крајот на 19 и почетокот на 20 век, кои по својата техника на изработка и орнаментика претставуваат обележје на период од градската покуќнина во Битола и примероци од битолскиот регион.

Збирка на ткаенини и текстилни предмети

Фондот од овој тип музејски предмети претставува дел од секојдневната и празничната покуќнина кои се употребувале во ентериерните уредувања во крајот на 19 и почетокот на 20 век  и тоа : покривки, пердиња, милиња, черги и др.

Збирка на накит и предмети за украсување

Предметите кои се дел од оваа збирка се со различна старост, тип и намена.
Тие вклучуваат предмети за лично украсување кои биле носени од страна на женската или машката популација во Битола, а се одраз на неговата урбана култура и тоа од периодот на 18 век па сé до втората половина на 20 век.
Покрај овој тип на накит во збирката се застапени и предмети за украсување кои се дел од руралната култура од наведените региони кои се под надлежност на нашата институција.

Збирка на покуќнина

Во рамките на оваа збирка се вклучени разнородни предмети, како по старост, така и по материјал и функција, а кои се дел од традиционалната покуќнина на битолските куќи, и куќите во останатите региони кои гравитираат кон Битола.
Предметите од импорт кои се дел од покуќнината на градската битолска куќа, вклучуваат предмети со употребна и декоративна функција изработени од порцелан, мајолика, керамика, стакло и метал. Покрај овие предмети во рамките на оваа збирка припаѓаат и делови од намештај со длабока или плитка резба изработен од локални мајстори, како и мебел изработен и увезен од различни делови на Европа.
Ова укажува на честите и силни врски кои Битола ги имала со тогаш најмоќните европски центри, Виена,Минхен, Париз и др.
Значајно е да се каже дека овој фонд на предмети кои претежно потекнува од средината на XIX и почетокот на XX век е составен дел од ентериерот на битолските куќи во наведениот период, но во многу семејни објекти дел од овие предмети се суште присутни.
Збирка на занаетчиски предмети
Оваа збирка вклучува предмети и алатки кои биле дел од инвентарот на различни занаетчиски дуќани и работилници. Алатките се од различни типови, материјал и со различна намена, но претежно припаѓаат на периодот од крајот на 19 и поетокот на 20 век. Покрај различните видови на калапи, мерни садови и сл. во рамките на оваа збирка припаѓаат и одреден број занаетчиски изработки.

Збирка народно стопанство

Оваа збирка вклучува фонд на предмети и алатки кои биле дел од стопанскиот живот на населението, претежно од руралните средини на Битола и предметните региони, кои се под надлежност на нашата институција.
Различните видови на предмети и алатки се користеле при извршување на поедини стопански – земјоделски и сточарски активности.
Збирката на народни музички инструменти
Оваа збирка  е една од најмалите музејски збирки и вклучува различни музички инструменти, изработени од кожа, дрво, метал, керамика или пак нивна комбинација.
Тие се соодветен репрезентна музичката култура на Битола.
Духовната култура на Битола и наведените региони во смисла на обредна пракса, заради специфичноста не темата, е прикажана воглавно сегментирано во рамките на постоечките збирки и постојани поставки, но и преку организација на повремени тематски изложби.

Одговорни лица:

„Реферат за носии, ткаенини и текстил“
Наде Геневска Брачиќ, Етнолог кустос советник
Контакт тел. + 389 75 298 795
E mail: nadegb@gmail.com

„Реферат за духовна култура, народно стопанство, занаети и народни музички инструменти“
д-р Стојанова Мери, Етнолог виш кустос
Контакт тел. +389 75 298 758
E mail: etno _m@yahoo.com

„Реферат за накит и покуќнина“
Ефросинија Паревска, етнолог кустос

Save