Во специфичниот амбиент на градот Битола, во заедничка хармонија на источните и западните влијаниа, опстојуваат уште мал број објекти од фолклорната архитектура коишто егзистираат како индивидуални структури во составот на урбаниот елемент. Паралелно со овој факт, во битолскиот регион постојат многу села со оригинално сочувани рурални комплекси и поединечни објекти. Етнолошкиот критериум и вреднувањето на фолклорната архитектура како дел од материјалната култура на нашиот народ ги третира истите како сведоштво за некогашниот начин на живеење во градот и селото.
Од тој аспект, на листата на евидентирани објекти од фолклорната архитектура, како во градот така и во селата на регионов, заземаат место и релативно скромни градби од кои некои без особено нагласени вредности кои што со својата амбиентална вредност ја збогатуваа сценографијата на градот, односно културниот пејсаж на овој регион. На списокот на заштитени фолклорни објекти во градот се наоѓаат 129 за кои е изготвен заштитен режим за нивниот натамошен третман.
Во активностите на овој реферат реализирани се долгорочните проекти: “Документирање на рурални објекти” одселата: Суводол и Билјаник, загрозени со површинскиот коп на РЕК-Битола”, “Истражување и документирање на традиционалната рурална архитектура во подпелистерскиот регион и истражување и документирање на традиционалната рурална архитектура во Мариовскиот крај”.
Како резултат на активностите организирани се изложбите: “По трагите на руралните градби во Преспа”, “По трагите на руралните градби во Мариовскиот крај “.
Во текот на изминативе години евидентирани се објекти од традиционалната рурална архитектура во 35 потпелистерски села, почнувајќи од селото Драгош како и за селото Дупени на западните пелистерски падини.
Меѓу другото ги нагласуваме и активностите од меѓународен карактер заради промовирање на руралниот култ, наследството во земјава, а особено во странство, со учество на семинари, симпозиуми и народни изложби.

Во специфичниот амбиент на градот Битола, во заедничка хармонија на источните и западните влијаниа, опстојуваат уште мал број објекти од фолклорната архитектура коишто егзистираат како индивидуални структури во составот на урбаниот елемент.

Паралелно со овој факт, во битолскиот регион постојат многу села со оригинално сочувани рурални комплекси и поединечни објекти. Етнолошкиот критериум и вреднувањето на фолклорната архитектура како дел од материјалната култура на нашиот народ ги третира истите како сведоштво за некогашниот начин на живеење во градот и селото.