• Име на предметот: Керамички сад, пехар
  • Период/датација: 13-14 век
  • Потекло: Локалитет Стопанска банка-Битола, Моментално во постојаната поставка на НУ Завод и музеј-Битола
  • Материјал/техника: глина, печење, зграфито декорација
  • Димензии: Висина 6.9 см. Обем на обод 11.3 см.Обем на дно 4.5 см.

Кратка приказна:

Помал сад изработен од печена глина – теракота. Откако е бил садот на горниот – предниот дел бил поставен чист песок кој заедно со садот повторно се печел на висока температура.Песокот се растопувал и кога ќе се стврднел се претворал во вид на стакло кое залепено го правел мазен и отпорен горниот дел на садот. Врз ова со гребење и стружење биле сликани или исцртани цртежи на листови, цветчиња и стебленца најчесто во кружна форма.

Садот има длабока полукружна форма – затоа што често се користел како пехар за пиење на вино. На долниот дел има повисоко постоље кое не било украсувано и е само од печена рапава глина.На предната надворешна и внатрешната страна на горните делови има украси кои биле изработувани на мазната површина добиена со топење на песокта на висока температура. И на внатрешната и на надворешната страна украсите се на ливчиња, цветчиња и стебленца од растенија – нацртани во кружни рамчиња исто така украсени со слободни разиграни линии.

Садот потекнува од солунските работилници и е од 13-14 век. Пронајден е при археолошките истражувања во 1976 г. на местото на денешна Стопанска Банка, во центарот на градот Битола што денес е констатирано како дел од средновековна Битола.

Керамички сад - пехар, 13-14 век