Првите скромни податоци што се однесуваат на археолошки локалитети забележани се уште во 1931/32 година од Ј.В. Фењкес, на локалитетите Црнобуки и Карамани, а од Ф. Месеснел вршени се и археолошки истражувања кај селото Суводол-Сланец, при што е откриена стара ранохристијанска базилика.
Во периодот од 193638 година вршени се археолошки истражувања на акрополата на левиот брег од потокот Сива Вода под раководство на М.Грбиќ и Г. Стриќевиќ.
По ослободувањето, Битолскиот народен музеј, ги презема првите активности во областа на археолошките истражувања во 1952 година, кога под организација на археолошкиот институт од Белград и во соработка со музеите од Битола, Прилеп и Охрид организираат истражување, при кое се регистрирани бројни археолошки локалитети.
Со археолошки ископувања се започна во 1953 година како заштитни интервенции на неолитската населба Тумба во с. Породин, а се продолжи во 1954 год. на локалитетот Висо и во месноста Петилеп каде што се откриени гробови од железното време.
По овие првични интервенции, истражувањето на праисторијата разбуди конкретен интерес. Заштитните истражувања од 1971 година на неолитската населба Велушка Тумба, с. Породин, продолжија со систематски и повеќегодишни истражувања водени од Драгица Симовска и Воислав Санев. Пробните ископувања вршени во локалитетите во с. Карамани, Могила, Добромири, Оптичари, Гургур Тумба и други, покажаа дека неолитската култура е раширена во цела централна Пелагонија.
Во прикажаниот период посебно внимание му е посветено на истражувањата на неолитот, при што доминираат откритијата на Велушка Тумба-Породин но и тумбите Карамани, Могила, Врбјани, Трн и други.
Енеолитот е утврден со ископувањата на локалитетите : Шуплевец, Бакарно Гумно, Тумба Црнобуки, со што се потврди дека овие подрачја биле зафатени со првите бранови на индоевропските доселеници.
Траги на населби од бронзено време се потврдија кај локалитетите: Карамани, Бакарно Гумно, Црнобуки, Радобор и други. За почетокот на раното железно време материјални траги се најдени кај некрополите во Живојно, Зовиќ и Брод. Најстарите материјални траги од крајот на железното време со скелетно погребување под тумули се потврдени на локалитетот Петилеп-Беранци кој предизвика голем научен интерес особено гробот на принцезата. Тука ги спомнуваме и значајните локалитети Рапеш и Црквиште кај Беранци.
Од досегашните археолошки истражувања во праисторијата во Битола и Битолско регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.