• Име на предметот: Детал од вез од ракав од женска кошула
  • Период/датација: почеток на 20 век
  • Потекло: Горно Битолски села
  • Материјал/техника: Техника на везење: “орано – полнето – трепетно“.

Кратка приказна (опис):

Мотив “копито“, извезен со волнени конци во бордо, зелена и портокалова боја.
Мотивот е застапен по целата површина на ракавот на кошулата, поставен во четири редови нагоре.
Везот најнапред се изработува со црн конец, се означуваат мотивите, потоа се исполнуваат со конци во боја и на крај одгоре се “трепит“- дополнителен вез, што дава структурата на везот да изгледа прилично цврста и релјефна.

Детал од вез од ракав од женска кошула - почеток на 20 век
Кошулата е извезена на ракавите, јаката – “затилокот“, вез на градите “пазувите“, во долниот дел “околно“, во задниот дел на “бојовите и од страните на “бочниците“.
Кошулата била за невеста, се носела на денот на свадбата и за празнични денови.
Кошулата своето именување го добила според застапениот мотив “копито“.
Овој вез на кошулата бил застапен до илинденскиот период, потоа претрпува промени со губење на богатата везбена декорација и колоритност. После илинденскиот период колоритните везови се заменуваат со црни везови и во последната фаза на напуштање на богатите форми се заменува со аплицирање на црно кадифе.