• Име на предметот: Синија
  • Период/датација: 1860
  • Потекло: Етнолошка збирка на НУ „Завод и музеј“ – Битола
  • Материјал/техника: бакар, калај

Кратка приказна:

Синијата е еден од основните покуќнински предмети во градските средини и ја имала функцијата на софра која најчесто се поставувала врз дрвено или пак метално постоље. Околу неа седнувале да ручаат или вечераат членовите на семејството. Оваа синија била подарена во 1860 година на манастирот Св. Димитрија во с. Чебрен од страна на неколку лица.

На синијата покрај врежаниот датум и информациите за подарокот, се врежани и имињата на луѓето кои што ја подариле синијата на манастирот. Од текстот се гледа дека помеѓу нив има и лица од соседното село Брник.

Синијата е украсена со поголем број на растителни мотиви, кои се менуваат наизменично, поставени кружно околу целата нејзина површина.

Во централниот дел од синијата се наоѓа врежан симбол, кој се состои од два рамнострани врежани триеголници, кои формираат шестокрака ѕвезда. Овој симбол уште е познат и како печатот на Соломон и има многузначна симболика.

Тој го преставува целиот универзум, и укажува на своевидна синтеза на силите во светот.

 

Синија, период 1860 г