Од 18 до 20 април во Солун се одржа шестата балканска конференција “Meet, See, Do” на која присуствуваа 100 тина професионалци од Балканот и пошироко, а девет претставници од Република Македонија. На конференцијата, од Н.У. Завод и музеј Битола настапија Д-р Ирена Ружин со “4 D-Граѓански паметни скулптури” како и со работилницата “Анализа за пристапност, алатка за промени ” a м-р Јове Парговски со “Тактилна публикација- Мозаик нартекс-Хераклеа Линкестис”.

Учесници од Македонија - Музејски денови во Солун - Балканска музејска мрежа
“Meet, See, Do ” е годишна конференција на Балканската музејска мрежа, која служи како еден од главните настани за учење, средби и мрежно поврзување на балканските музејски професионалци.
Конференцијата е организирана од Балканската музејска мрежа и Фондацијата културно наследство без граници (CHwB) Босна и Херцеговина.
Со оглед на тоа што 2018 година е Европска година на културното наследство, таа се прослави и преку конференцијата дискутирајќи за важни прашања за културното наследство.
Воведничари на конференцијата беа: Снешка Квеведлиг-Михајловиќ, генерален секретар на Европа Ностра; Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир, експерт во областа на толкувањето и основач на компанијата Муза, Толи Мисирлоглу, директор на Македонскиот музеј на современата уметност и Марија Цанцаноглу, директор на Државниот музеј на современа уметност, заедно со 26 олеснувачи и учесниците во панел дискусијата. Сите говорници и учесници ќе го споделат знаењето околу теми за учество на заедниците, ко-создавање, лобирање за културното наследство, управување со музејот и промоција.

Управен одбор - Музејски денови во Солун - Балканска музејска мрежа
“Ние сме среќни што сме во Солун и ги запознавме колегите од Грција. Иако ова е прв пат да организираме состанок Meet, See, Do во Грција, нашите односи со грчките музејски професионалци се развија преку нивно членство во Балканската музејска мрежа и други заеднички активности. Конференцијата е финансирана од Фондацијата Ставрос Ниархос, нашиот партнер во градењето посилни музеи отворени за сите “, изјави Аида Вежиќ, генерален секретар на Балканската музејска мрежа.
Во рамките на трите дена од одржувањето на Конференцијата, учесниците имаа многу можности да запознаат колеги од различни делови на светот, да видат како пристапуваат и решаваат конкретни теми и да направат некои практични активности во рамките на работилниците.
* Балканската музејска мрежа е основана во 2006 година со цел да се промовира и зачува заедничкото културно наследство на Балканот. Повеќе информации за BMN се достапни на официјалната веб страна, страната на Фејсбук и Твитер.
фото: Copyright CHwB BiH, Makridis Pavlos