• Име на предметот: Жртвеник – модел на куќа п.н.е
  • Период/датација: среден неолит/ 5800 – 5200 год.
  • Потекло: Тумба, село Породин, битолско
  • Материјал/техника: глина
  • Димензии: висина – 30,7 см, должина – 26,6 см, ширина – 20 см

Кратка приказна (опис):

Антропоморфен модел на куќа со правоаголна основа, со отвори на сите четири страни кои се со форма на буквата Т обратно поставена. Покривот е поставен на две води на чиј врв е поставен оџакот. Оџакот е претставен во вид на глава со пластична изработка на очите носот и устата, ова е всушност претстава на Големата Богинка која овде се среќава како заштитничка на домот. Има отвор на дното и на темето на антропоморфната глава, се претпоставува дека моделот на куќа служел како жртвеник, во чија внатрешноста се забележуваат траги од горење. Околу вратот на Големата Мајка се наоѓа ѓердан поставен во вид на зраци, на чии краеви се аплицирани топчиња во вид на монистра. Бојата на глината е темнокафеава со мазнета површина.

Жртвеник – модел на куќа