Мозаик Нартекс – Хераклеа Линкестис – тактилна публикација

Хераклеа Линкестис во непосредна близина на Битола, е еден од позначајните градови на античка Македонија. Нејзиното основање се доведува во врска со Филип 2, кон средината на 4 век пред н.е. Покрај бројните и разновидни откриени остатоци од материјалната култура, денес Хераклеа е позната и значајна со своите подни мозаици.

Панорамска фотографија од Хераклеа Линкестис со обележана локација на мозаикот
Co своите технички, уметнички, иконографски, стилски и симболични карактеристики, се издвојува претставата на мозаикот од нартексот на големата базилика, како извонреден пример на ранохристијанската уметност. Токму тоа e и причината, овој мозаик да биде прикажан преку оваа тактилна публикација.

Фотографија од дрон од мозаикот со оригинални димензии 21,5 x 4,7 метри

Публикацијата е составена од два дела – тактилни слики изработени на специјална хартија и описен текстуален дел. Публикацијата е двојазична на македонски и англиски, со цел во иднина истата да биде преведена и на други јазици.

Фотографија од тактилната претстава на мозаикот Нартекс

Аудио верзијата од публикацијата која е поставена на оваа страна е придружен елемент на изработените тактилни слики од мозаикот. НУ Завод и музеј Битола за потребите на своите посетители има изработено неколку примероци, но со оглед на сложениот процес на изработка, сакаме да ја нагласиме можноста за соработка со поединци и организации кои имаат услови за изработка на вакви публикации, за дополнително умножување на истата.

Доколку Вие или Вашата организација сте заинтересирани да ја имате оваа публикација (бесплатно) за повеќе информации можите да не контактирате на: [j.pargovski@muzejbitola.mk]

Сите предлози и критики насочени кон понатамошно подобрување на публикацијата се добредојдени!!!

Тактилна публикација: Мозаик нартекс Хераклеа Линкестис

  • Автор: м-р Парговски Јове
  • Проект: Ние во музеј – Поддржан од Mинистерство за култура на РМ
  • Раководител на проектот: д-р Ирена Ружин
  • Издавач: НУ Завод и музеј Битола
  • Графичка обработка: м-р Парговски Јове
  • Стручен соработник: Тесалија Жирова
  • Превод на англиски и спикер за аудио верзија: Силвана Петрова Насух

Преземени текстови и прилагодени за тактилна публикација од изданијата:

  1. „Од раката на нашите мајстори – Мозаиците на Хераклеjа Lинкестис 4-6 век
    Автор: Србиновски Пецо
  2. Хераклеја Линкестис – водич, издавач Одбор за Хераклеjа Битола 1974,
    Автор: Гордана Ц. Томашевиќ

Благодарност до:

  • Министерство за култура на Република Македонија
  • Балканска музејска мрежа
  • Ресурсен центар за ученици со оштетен вид – Битола
  • Радио 106 Битола
  • Здружение на слепи лица Битола

Битола, 2018 г

Close Menu
Accessibility