Зборници на трудови
Зборник на трудови на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Битола е стручно-научна публикација која започнува да се издава во 1979 година, со цел да ги афирмира, документира и презентира богатото културно и природно наследство на Битола и Битолскиот регион.
Преку научни и стручни трудови од областа на археологијата, историјата, историјата на уметноста, етнологијата, архитектурата и конзервацијата, Зборникот претставува значаен придонес кон истражувањето, заштитата и популаризацијата на културното наследство.
You must be logged in to post a comment.