Проектот „ACT4PRESPA“ (АКТ ЗА ПРЕСПА) се спроведува во рамките на програмата ЕУ за одржлив развој на регионото на Преспанското Езеро, како рестриктивен повик кој се имплементира под EuropeAid/178154/DD/ACT/MK, Инструмент за претпристапна помош за рурален развој, и с еоднесува на активности кои треба да бидат имплементирани исклучиво во делот на Преспанското Езеро, Република Северна Македонија.
Овој проект целосно одговара на целите и приоритетите на овој Повик за предлози бидејќи се однесува на еколошките, социјалните и економските предизвици тесно поврзани со заштитата и промоцијата на природното и културното наследство и вредности, со што се овозможува одржлив социо-економски развој на подрачјето на Преспанското Езеро.
Имајќи го предвид горенаведеното, предлог-проектот „ACT4PRESPA“ ги поставува своите специфични цели на следниот начин:
• Да се збогати знаењето за постоењето на подводното археолошко наследство во Преспанското Езеро и да се валоризираат најистакнатите елементи на културното наследство во областа;
• Да се заштити културната разновидност и да се придонесе за подобар квалитет на живот во областа Преспа со користење на дигитални технологии со цел да се подобри пристапот на јавноста до различни форми на културни добра;
• Да се даде пошироко препознавање на највредните споменици во регионот на Преспа како главно културно наследство и цивилизациски маркери и да се промовираат конзерваторските активности во корист на сегашните и идните генерации;
• Да се подигне јавната свест за политиките и најдобрите практики за заштита на културното наследство со цел да се обезбеди негов одржлив развој.
Покрај овие специфични цели, проектните активности се тесно поврзани и вклучуваат:
• Подводни археолошки истражувања во Преспанското Езеро;
• Непосредна конзервација на покривот на Сарајот (III фаза), еден од највредните споменици во областа на Преспанското Езеро, кој се наоѓа во Ресен;
• Конзервација на фрескоживописот во црквата Св. Петка, село Брајчино;
• Валоризација на неколку материјални и нематеријални добра, вклучително и теренско истражување;
• Дигитализација и изработка на интерактивна 3Д мапа на културното наследство, како и дигитализација на усните традиции и изрази од Преспанскиот регион;
• Организација на изложби;
• Организирање на студиски посети, меѓународни конференции, јавни настани итн.
Со цел да се даде поголемо значење и вклучување на јавноста, а со цел резултатите да бидат подостапни за пошироката јавност, до крајот на проектот, сите материјали ќе бидат достапни во реконструираната зграда на Старото училиште „Димитар Влахов. “ во село Љубојно.
Партнерството на проектот „ACT4PRESPA“ посветува големо внимание на целните групи, нивните потреби и ограничувања, во исто време, внимателно избирајќи ги најдобрите пристапи за да обезбеди нивно активно вклучување. Активностите ги вклучуваат следните целни групи:
• Културните институции (музеи, библиотеки, културни центри итн.) ќе го дадат својот придонес преку нивното активно учество во предложените активности, искористувајќи ја можноста да започнат нови соработки и културна размена во прекуграничниот регион.
• Експертите за културно наследство (кустоси и конзерватори) ќе играат важна улога и ќе бидат вклучени во сите предложени акции.
• Студентите од архитектура и етнологија и антропологија ќе имаат можност да учествуваат во истражувањето на материјалното и нематеријалното културно наследство во областа на Преспанското Езеро за да се стекнат со основни вештини и знаења за заштитата на културното наследство.
• Засегнатите страни поврзани со туризмот ќе ги дадат своите повратни информации и всушност ќе станат силни поддржувачи на акцијата бидејќи таа ги надградува потенцијалите на заштитеното културно наследство и ја проширува сегашната туристичка понуда на подрачјето на Преспанското Езеро.
• Граѓанските организации можат да му дадат дополнителна вредност на проектот и да ги поврзат заедниците преку промовирање и зачувување на нивниот идентитет, традиција и вредности. Претставувајќи организации кои произлегуваат од самата средина и кои имаат долгорочен контакт со локалните заедници, тие ќе обезбедат пред сé добри локални контакти и безбедно спроведување на проектот.
• Локалните и регионалните владини единици имаат клучна улога во однос на стратешката поддршка, не само за зачувување и промоција на културното наследство, туку и за сите аспекти кои влијаат на одржливиот социо-економски развој на локално, национално и регионално ниво.
Проектот „ACT4PRESPA“ е имплементиран од страна на пет партнери:
• НУ „Завод и музеј“ – Битола, Северна Македонија – Водечки партнер;
• Граѓанска организација за развој на алтернативен туризам – Љубојно, с. Љубојно, Општина Ресен, Северна Македонија – Партнер;
• Универзитет Аристотелис, Солун, Грција – Партнер;
• Национален музеј за Средновековна уметност Корча, Албанија – Партнер;
• Идеја за култура, Грција – Партнер.
Вкупен буџет на проектот: 443.400 Евра
Период на имплементација: 36 месеци
You must be logged in to post a comment.