Вовед

Секоја земја ги открива, истражува, чува и заштитува спомениците на минатото, затоа што својата особеност ја должи на неповторливата историја која ја поминала, исто како што секој човек го живее својот индивидуален живот.

0 Comments

Нашите најрани предци и нивната еволуција

Околу 98,5 проценти од гените на луѓето и шимпанзата се идентични, со што шимпанзата се најблиски биолошки роднини на луѓето. Тоа не значи дека луѓето еволуирале од шимпанзата, но индицира дека и двата вида потекнуваат од заеднички предок, кој веројатно живеел пред 8-6 милиони години.

0 Comments

Камено време

Каменото време е период од човечкиот развиток карактеристичен со употребата на каменот како главен материјал во изработката на алатките. Во различните делови од светот човечките групации ги користеле камените алатки во различни времиња како што и промената на камените со металните алатки се случила различно.

0 Comments

Неолитот во битолско

Најстарата култура пронајдена во нашата околија е според првично најдените локалитети, т.н. Велушко - Породинска културна група од времето на неолитот, што не значи дека и реално е најстара на ова тло, кога ја имаме предвид населеноста на Балканот во многу пораните времиња.

0 Comments

Епохата на енеолитот – преминот од каменото во бронзеното време, или халколит – бакарно време

При крајот на 4. милениум пред н.е. климата во цела Европа осетно се изменила. Поради падот на температурата и намалување на влажноста на воздухот, шумите се проретчиле, a површините обраснати со трева, грмушки и трска се прошириле.

0 Comments

Бронзено време

Бронзата, се верува дека е случајно откриена кога камења богати со бакарна и калајна руда се користени како ограда за надворешните огништа. Кога огнот ќе ги вжештел камењата топејќи ги металите, тие се мешале и се творела бронзата.

0 Comments

Железно време

Железото му е познато на човекот од многу одамна во своите изворни форми: на блискиот исток го користеле уште пред 3 илјадитие, а во египетските гробови најдени се мали делови од накит направени од железен метеорит. Но, за долго време тоа се употребувало само при случајно наоѓање.

0 Comments

End of content

No more pages to load

Close Menu
Accessibility