- Име на предметот: Уметничка слика –„Есен“- современа уметност, автор Димитар Пандилов (роден во Скопје). Пандилов е еден од позначајните македонски ликовни уметници кои создавал во импресионистички стил
- Период/датација: 1957 година
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: маслени бои на платно
- Димензии: 54 Х 82 см
Кратка приказна (опис):
На сликата е претставена Пејзаж во есен. Поточно е претставена алеа на дрвја и широк пат. Еден вид парк во есен. Дрвјата се богато и слободно насликани со есенски лисја. Детали нема само боја и потези кои асоцираат на есенски ветер во лисјата на дрвјата.
На левата страна на сликата насликана е темна фигура на маж слична на сенка – без лице или други детали. Облечен во дебели алишта, се движи споро и е дел од тагата и густината на есента. Од по страните има само наговестување на некакви куќи – тоа е изведено со линии кои би требало да ни опишат прозорци.
Покрај куќите се од двете страни – далечни фигури на – деца што си играат, минувачи. Сите се изведени како централната фигура – без детали и конкретност, сите се само како сенки.
Целата слика е како сон без јасни линии и детали.
Целата слика е без реални детали, повеќе е внатрешно чувство на авторот слично на некој неодреден сон или сеќавање на некоја далечна случка.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.