- Акроним: СВЕТИ ВОДИ
- Веб-страница: /
- Приоритетна оска: Развој и поддршка на локалната економија
- Специфична цел: Подобрување на атрактивноста и промовирање на туризмот во прекуграничната област за подобрување на вработеноста во туризмот
- Повик: Прв повик за предлог-проекти
- Датум на започнување: 4 јули 2019 година
- Водечки партнер: Општина Преспа
- Партнери: Општина Ресен, Здружение за заштита на Преспа, Ефорат на антиквитети на Лерин, НУ Завод и музеј Битола
- Буџет: 734.821,20 еур
“Свети води” е проект кој се спроведува на подрачјето на Паркот Преспа, првата заштитена прекугранична област на Балканот. Паркот Преспа е основан во 2000 година со заедничка изјава на премиерите на Грција, Албанија и Република Северна Македонија. Главната цел на проектот е организирање на сите културни, еколошки и туристички информации кои се однесуваат на прекуграничната област Преспа, со употреба на нови технологии.
Една од главните активности на проектот се однесува на собирање и мапирање на информации и податоци во врска со туристичките точки на интерес (животна средина, културно, верско) од областа Преспа, како основа за развој на електронски информативни материјали, 3Д -фотореалистични модели на базиликата „Св. Ахил“ и Болницата на востаниците.
Покрај тоа, битолскиот музеј ќе организира изложба за заедничкото културно наследство и студија за заштита и промоција на византиското богатство на Преспа со база на податоци за локалното културно наследство, додека Ефоратот за антиквитети на Лерин ќе продолжи со собирање и регистрирање на икони и црковни предмети од византискиот и поствизантискиот период.
Развој на инфраструктура за видливост на културниот туристички производ во прекуграничната област, вклучува и инсталирање на безжичен интернет на одредени места и одржување на постечката мрежа во Општина Преспа.
Исто така ќе биде овозможен простор за посета во Лемос со видео проекција како и набавка на опрема за презентирање на апликациите.
Изградбата на патека што ќе поврзува 5 манастири во Општина Ресен, а исто така и реставраторските работи во црквата „Свети Илија“ во Грнчари, се важна инфраструктурни зафати за промоција на византиското наследство во прекуграничната област и за зголемување на посетеноста.
Менаџирањето со информации и промоција на културниот туристички производ вклучува и дигитална платформа и примена на виртуелна реалност, компјутерски игри и видео презентација за целата прекугранична област, прошетка по езерото за посетители и групи со 2 чамци на соларна енергија, поставување информативни знаци од страна на Здружението за заштита на Преспа, истакнувајќи го карактерот на животната средина, на специфичните споменици и значењето на животната средина за зачувување на биолошката разновидност.
И на крај, ќе бидат организирани три културни настани во Атина, Солун и Лeмос и конференција за промовирање на Визанитинска Преспа и локалните производи кои се единствени заради микроклимата и еколошките карактеристики на областа.