• Име на предметот: Уметнички цртеж „Портрет на Партизан“- современа уметност, автор Тоде Ивановски, Битола (роден во Неготино)
  • Период/датација: нема наведено точна година на создавањето ( период – крај на седумдесетите години на минатиот век)
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност
  • Материјал/техника: цртеж со туш изработен на хартија
  • Димензии: 20 х 27 см

Кратка приказна (опис):

Уметнички цртеж „Портрет на Партизан“- современа уметност, автор Тоде ИвановскиПортрет на партизан: насликан до горниот дел на градите. На главата носи качкет со петокрака на предниот дел и полукружен визир. Капата му го покрива челото. Свртен е во десен полуанфас, на кој е нацртано увото, малку коса, бакенбарда, оштри линии на лицето, дел од војнички шинел, со високо крената јака се до брадата. Во задниот ( негов десен дел инаку на сликата одлево – е нацртан горниот дел од пушка). Лицето е намерно нацртано со остри линии, со кој се потенцираат брчките околу усните и испакнатоста на јаболчниците. Со ова, авторот сака да ни прикаже: храброст, решителност, сила, копнеж за слободата но и измореност од долгите патувања, борби низ планините, студовите, гладот, исцрпеноста. И покрај сите маки и страдања кои се изразито наталожени на лицето, ликот ни сугерира голема решителност, издржливост. Цртежот е еден од многубројните ликовни докази кој што овој уметник ги оставил, зборувајќи ни за борбата за слобода, за партизаните, за идеалот и вербата во ослободувањето на својата татковина за време на Втората светска војна.
Цртежот е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола