Проектот SMART4YOU2 е кофинансиран од страна на Европската Унија, а во рамките на Третиот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, 2018-2020.

Главна програмска цел на SMART4YOU2 проектот е, да ги развие туристичките потенцијали на прекуграничниот регион, преку промоција на културното наследство и вредностите кои регионот ги поседува.

Оваа цел ќе биде постигната преку вклучување на локалните заедници од двете страни на границата, како активни учесници во различни програмски активности, не само во доменот на заштитата и промоцијата на културното наследство, туку и во развојот на туризмот, овозможувајќи на тој начин поблиско, меѓусебно запознавање на локалните заедници, и овозможувајќи им на овој начин да иницираат побрз социо-економски развој на прекуграничниот регион.

Во согласност со своите тематски приоритети како и во согласност со постоечкото партнерство, овој проект претставува своевидно продолжение и надградба на културните и воедно туристички капацитети, но и надградба на партнерството во претходно реализираниот SMART-CUL-TOUR проект.

На овој начин всуштост се врши капитализација на постигнатите резултати, унапредување на институционалните капацитети, но и подигнување на квалитетот и збогатување на содржините на туристичката понуда во предметните општини, и воопшто во регионот.
Само на ваков начин ќе може да се подобри впечатокот и искуството на посетителите, и ќе се обезбедат услови за продолжување на нивниот престој во регионот и/или за нивни повторени посети на истиот.

Покрај унапредувањето на состојбата на културното наследство кое претставува значаен сегмент од регионалната туристичка понуда, во рамките на проектот SMART4YOU2, ќе се посвети и значително внимание во развојот на капацитетите на сегашните и идни професионалци – конзерватори.

Оваа активност произлезе од претходната соработка на проектните партнери и претставува своевиден заеднички одговор на недостатокот на стручен кадар во доменот на конзервација, што и за двете земји претставува своевиден проблем за кој се неоходни активности и решенија.
Вклучувањето на поискусните конзерватори и нивната соработка со младите заинтересирани лица, ќе овозможи не само теоретски туку и практичен трансфер на знаење и вештини овозможувајќи долготрајни врски и помеѓу учесниците, но индиректно и помеѓу двете соседни земји.

Бројните активности посветени на развојот на креативноста, претприемништвото и вмрежувањето имаат за цел да ја унапредат туристичката понуда во прекуграничниот регион и да иницираат поголем број на млади луѓе, активно да се вклучат во промоцијата на културното наследство од секаков вид, но и во туристичкиот сектор воошто.

Јавните настани кои ќе бидат орагнизирани во двете соседни држави ќе овозможат поблиско запознавање на локалните заедници, нивните култури, традиции, сличности и разлики. Тоа ќе овозможи унапредување на меѓусебните однос во секој сегмент од современото живеење на населението од двете соседни земји.

Партнери во проектот SMART4YOU2:

1. Општина Битола – Водечки партнер, Северна Македонија
2. Општина Пустец – Партнер, Албанија
3. НУ „Завод и музеј“ – Битола, – Партнер, Северна Македонија
4. Регионален директорат за културно наследство – Корча, – Партнер, Албанија
5. Младински културен центар Битола – Партнер, Северна Македонија

Буџет на проектот: 1.216.997.00 Евра
Период на имплементација: 30 месеци

 

Активности

Со цел да се постигне генералната цел на проектот SMART4YOU2, активностите се претставени во
посебни групи, тесно поврзани со зацртаните специфични цели на проектот.
Првата група на активности се однесува на:
Унапредување на потенцијалите на заштитените културни добра, проширување на туристичката понуда, подобрување на искуството на посетителите, со цел да се овозможи продолжен престој и повторени посети на посетителите, позитивни препораки и унапредена слика за регионот

Активности:
• Реконструкција на музејскиот простор и поставување на Постојана поставка во НУ „Завод и музеј“ – Битола;
• Рехабилитација на страничниот влез на НУ „Завод и музеј“ – Битола;
• Реконструкција на Пацио, лоцирано во музејот во Битола и поставување на лапидариум;
• Поставување на лифт во музејот
• Поставување на тактилни слики во Постојаната поставка за дисемеинација на информации за посетителите со оштетен вид;
• Користење на напредни, интерактивни технологии во Постојаната музејска поставка;
• Отворање на Постојаната музејска поставка.

Втората група на активности се однесува на:
Поддршка на заедничките активности и размена на знаење, и вештини помеѓу експертите и младите студенти – идни конзерватори, со цел да се овозможи долготрајна соработка во доменот на заштитата на културното наследство помеѓу двете земји

Активности:
• Изградба на пристапна патека до црквата Св. Богородица на островот Мал Град, во Албанија;
• Заедничка конзервација на црквата Св. Богородица со учество на конзерватори од двете земји;
• Летна школа за конзервација на културно наследство, наменета за студенти на современа уметност од двете земји;
• Размена на тематски изложби на различни сегменти од културното наследство, помеѓу институциите во прекуграничниот регион;

Третата група на активности се однесува на:
Формирање на простори за туристи и патници во општините Битола и пустец, посветени на креативноста, традицијата, претприемништвото и вмрежувањето, а со цел унапредување на туристичките услуги и производи во прекуграничниот регион.

Активности:
• Реконструкција на постоечкиот објект во дворот на Офицерски дом во Битола и формирање на „Пит стоп парк“ – Битола, како простор за туристи и патувачи;
• Реконтрукција на пристапната патека до Музејот на Стерјо Спасе и поставување на „пловечко“ пристаниште во с.Глобочани, Пустец;
• Прекугранична програма за поттикнување на туризмот „Претприемништвото како предизвик“, наменета за македонски и албански туристички чинители: Тренинг сесии;
• Прекугранична програма за поттикнување на туризмот „Претприемништвото како предизвик“, наменета за македонски и албански туристички чинители: Менторски сесии;
• Прекугранична програма за поттикнување на туризмот „Претприемништвото како предизвик“, наменета за македонски и албански туристички чинители: Вмрежување
• „ArtQuake” настан кој ќе се одржи во формираниот „Пит стоп парк“ во Битола, за промоција на туристичките производи и услуги преку уметничко искуство и културни вредности – обичаи, ракотворби, храна и сл.;
• „Традицијата во пракса“ настан кој ќе с еодржи во Музејот на Стерјо Спасе, з апромоција на материјалното и нематеријалното културно наследство и диверзитет во двете соседни земји;
• „Традицијата како начин на комуникација“, настан кој ќе се одржи во Пациото во музејот во Битола, со цел промовирање на инфраструктурните зафати;
• Комуникација и видливост: Smart4You2 настани;
• Комуникација и видливост: Smart4You2 елементи за видливост;
• Проектен менаџмент и координација Smart4You2 проектни состаноци.