- Име на предметот: Уметничка слика „Спирали“- современа уметност, автор Борислав Траиковски
- Период/датација: создадена 1982 година
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност – Легат на Борислав Траиковски – Завод и музеј , Битола
- Материјал/техника: ленено платно, маслени бои
- Димензии: 100 x 70 см
Кратка приказна (опис):
Сликата спаѓа во доменот на таканареченото – апстрактно сликарство: во нејзината десна половина, насликани се две геометриски фигури – слободно и снажно. Првата е на горната половина од сликата и е стилизирана спирала претставена во вид на една дебела полукружна линија околу која се 6 краци – линии насликани со боја кои се протегаат во различни ритмички правци – вертикално, закосено, па се до хоризонтално – ова е намерно насликано на ваков начин со што и дава ритам на самата спирала.
Во долната десна половина на сликата е нацртан круг во вид на поголема спирала во кој има концентрично распоредени прстенести кругови кои што се шират од центарот до крајот на главниот круг. Од левата страна на сликата е поставена само боја со што уште повеќе се потенцираат двата кругови. И ова дело е таканаречено експресионистичко сликарство – во кое авторот преку одреден мотив, ги слика своите внатрешни чувства. Во оваа слика тоа се повеќе размислувања, филозофија за бескрајот, за траењето на животот, за симболите и значењето на внатрешните мисли.
Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност – Легатот на Борислав Траиковски, каде што е претставена историјата на современото сликарство во Битола и Македонија. Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата Завод и музеј од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.