- Име на предметот: Биста на Ајсхин – копија
- Период/датација: II – III век н.е.
- Потекло: Хераклеа Линкестис
- Материјал/техника: мермер/клесање
- Димензии: 65x31x26 см.
Кратка приказна и опис: Ајсхин бил познат антички оратор. Живеел во IV век п.н.е. и бил познат како голем пријател и подржувач на политиката на македонскиот крал Филип II. За тоа бил омразен кај елините и подоцна бил напаѓан и казнуван.
Оваа биста претставува вообичаена претстава на машки портрет, односно глава со нагласен врат кој нагло преминува во коцкесто торзо. Цртите на лицето се типично класични во најдобар манир на римската класична уметност.
На предниот дел е врежано неговото име во оригинална старогрчка форма.
Претпоставуваме дека не се работи за домашна работилница, туку дека овој портрет е изработен од некои од реномираните римски мајстори кои што често патувале низ римското царство и изработувале дела по нарачка.
Пронаоѓањето на неговиот лик во Хераклеа Линкестис зборува за пиететот што домашното население го имало кон овој голем грчки оратор, пријател на Македонците.
Британскиот дипломат Вилјем Мартин Лик оваа биста најверојатно ја добил како подарок од Али Паша Јанински и некаде во средината на XIX век ја однесол во Лондон и ја предал на British Museum.
You must be logged in to post a comment.