Почитувани, во мала сала на НУ „Завод и музеј“-Битола на 23.09.2023год. со почеток во 18:30часот група на автори ќе се претстават со изложбата „Нео материјални изрази“.

Авторите на изложбата Дарко Талески, Виолета Блажеска, Богдан Грабулоски Бонач, Јасмина Руневска-Тодоровска, Мирјана Тромпеска, Софија Грабулоска, прават спој на материјалноста и новата постдигитална материјалност наречена неоматеријалност. Неоматеријалноста го опишува вградувањето на дигиталното во објектите, сликите и структурите со кои се среќаваме секојдневно и начинот на кој се разбираме себе си во однос на нив.

Изложбата ќе биде поставена до 30.09.2023год. Проектот е поддржан од Министерство за култура на Р.С Македонија.

Нео материјални изрази