По повод 31от Интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки Амбасадата на Швајцарија во Македонија има чест да ве покани на изложбата
„Швајцарски дизајн во Холивуд“
17.10.2010, 18:00 ч.
Галерија МАГАЗА,
По повод 31от Интернационален фестивал на филмска камера Браќа Манаки Амбасадата на Швајцарија во Македонија има чест да ве покани на изложбата
„Швајцарски дизајн во Холивуд“
17.10.2010, 18:00 ч
.Галерија МАГАЗА
Изложбата „Швајцарскиот дизајн во Холивуд“ се осврнува на работата и влијанието на швајцарските уметници во областа на дизајнот и дигиталното сликање на меѓународните филмски продукции како и на видео игрите.
Филмската индустрија е еден од најзначајните фактори во обликувањето на културата на денешното време. Но, малку е познато дека голем број швајцарски уметници веќе години наназад успешно работат на концептуализација на филмови и игри, креирајќи ликови, фантастични суштества и сценографии.
Денес, голем број од овие уметници работат на некои од најпознатите проекти (вклучувајќи и анимирани филмови) и оставаат траен белег во популарната култура, иако нивниот придонес не
е широко признат.
„Швајцарскиот дизајн во Холивуд“ дава една историска перспектива на малку познатите или запоставени уметнички техники и вештини. Оваа изложба има за цел да укаже на индивидуалното влијание што некои од швајцарските дизајнери и илустратори – без разлика дали работат независно или се ангажирани од страна на големите студија за специјални ефекти – го имаат на естетиката на филмската продукција, без да се заборави нивниот личен опус.
Х.Р. Гигер
Осмиот патник
Кристијан Л. Шорер
Последна фантазија
Џон Хау
Господар на прстените
Дик Феранд
Хелбој
Силвио Аебишер
Командувај и освој
Надја Боначина
Преку оградата
Симон Кристен
Рататуј
Наташа Даво
Пиратите од Карибите 2
Николас Имхоф
Мистери мен
Алекс Онгаро
Приказна за пчелите
Симон Ото
Градот на глувците
Бригите Вуест
Кинг Конг
Изложба иницирана од Про Хелвеција, Швајцарскиот совет за уметност и реализирана од „Мезон Дајер“. Локални партнери: Кинотека на Македонија, Амбасада на Швајцарија во Скопје, НУ Завод и музеј Битола, Македонски центар за фотографија.
You must be logged in to post a comment.