Меѓународниот ден на музеите, 18ти мај и 19ти мај- Европска ноќ во музеите, Н.У. Завод и музеј Битола ги одбележува со повеќе настани, работилници, организирани посети и изложби во текот на оваа и наредната седмица.

  • Изложба на османско-турски печати од 19 и 20 век “Отпечатена историја” во Музеј на Неготино
  • Работилници со деца со оштетен слух и говор и посета на дел од културното наследство во Преспа;
  • Промоција на тактилна публикација” Мозаик Нартекс Хераклеа Линкестис- Магаза;
  • Работилници со лица со оштетен вид ” Фреските од црква Св.Ѓорги с. Кубиново” Магаза ;
  • Работилница со слепи и слабовиди- ” Изработка на музејски копии “- Магаза;
  • Интерактивни работилници со деца со оштетен слух и говор во Магаза;
  • Изложба “Традиционални костими од Битола и битолско” во Регионален музеј Шумен, Бугарија;19.05.2018 г.;
  • Учество на Советување на Македонскиот Национален Комитет при Меѓународниот совет на музеите (МНК ИКОМ) 16.05.2018 г.;
  • Организирани посети со децата од градинката Естреја Овадија Мара
    ( Морковчиња, Јаболчиња и Палавковци) 18.05.2018 г.

Н.У. Завод и музеј Битола постојано посветува внимание на својата публика и доближувањето на културното наследство до секого. Оваа година најголем акцент е ставен на посетителите со попречености и на најмладите.
Активностите се поддржани од Министерство за култура на РМ во рамки на “Ние во музеј” и “Учиме за нас” и Балканска Музејска Мрежа и Културно наследство без граници ( CHwB BiH ) “Допирање на уметност”.
Темата за оваа година е “Хиперповрзани музеи: нови пристапи, нова публика”.

прилог: Фотографии од дел од реализираните активности