- Име на предметот: Уметничка слика –„Девојкa“- современа уметност, автор Моамер Ејруп (роден во Скопје). Ејруп е македонски ликовен уметник кои создавал во реален стил – со опотреба на слободни потези и линии без да обрнува внимание на деталите. Тој е еден од основачите на современата ликовна уметност во Македонија.
- Период/датација: 1955 година
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: маслени бои на платно
- Димензии: 70 Х 110 см
Кратка приказна (опис):
На сликата е претставена „Девојка“. Седната е на диван на кој има послано черга ( старинско килимче). Во позадината е sид на старинска куќа. Девојката е во центарот на сликата. Исправена , со рацете прекрстени и потпрени на горниот дел од нозете. На главата има шарпа со повеќе набори. Облечена е во раскошна староградска облека која завршува во долниот дел во вид на шалвари. Горниот дел и е широко отворен а под него е кошула со широка јака и на средината петлица во вид на кружен медаљон.
Сликата е карактеристична по мирот, спокојството, тишината која ја доживува девојката, замислена, замечтаена во старата куќа, некаде кон крајот на денот.
Авторот ни зборува за судбината на младата девојка која осамена, мирна и замислена седи во стариот дом, чувсвителна и замислена кон неизвесната иднина. Без реално прецизни детали, во сликата се потенцирани внатрешните чувства.
Сликата е мајсторски нацртана со мајсторска едноставност и прецизност.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.