- Име на предметот: Уметничка слика „Еврејско мало“- современа уметност, автор Методиј Лепавцов (роден во Битола).
- Период/датација: 1937 година
- Потекло: – Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: маслени бои на платно
- Димензии: 94 Х 72 см
Кратка приказна (опис):
На сликата е претставена традиционална архитектура од Битола.
Од левата и десната страна на сликата се насликани куќи на два спрата со дрвени балкони градени во стилот на традиционалната балканска старинска архитектура.
Куќите се залепени една до друга со различни висини и големини.
На средината помеѓу нив е пат – улица од калдрма а на десната страна е насликан и подигнат тротоар.
На централниот дел од сликата – кон левата страна е насликано минаре од џамија.
На горниот дел од сликата е насликано небо, со смирени потези на четката, и присуство на облак кој е над планината.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.