Во насока на одбележување на 18ти Мај, меѓународниот ден на музеите, од страна на НУ „Завод и музеј“ – Битола и Директоратот за кутурно наследство од Корча, кој е наш партнер во рамките на SMART4YOU2 проектот, имплементиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка Северна Македонија – Албанија, а ко-финансирана од страна на ЕУ и Министерството за локална самоуправа, ќе бидат организирани две изложби.
На 18ти Мај во Музејот на Стерјо Спасе во с. Глобочани, Албанија, ќе биде поставена изложбата на НУ „Завод и музеј“ – Битола, „Градски костими“ чиј автор е Наде Геневска Брачиќ, Етнолог Советник.
Отварањето на оваа изложба е закажано за 12 часот.
На 19ти Мај во КЦ Магаза, Битола, ќе биде поставена изложбата на Директоратот за културно наследство, Корча, „Корча во наследство“, чиј што автор е Спартак Касули.
Отворањето и на оваа изложба е во 12 часот.
Посетите ги и двете изложби, на тој начин откривајќи значајни сегменти од нашето културно минато.
You must be logged in to post a comment.