• Име на предметот: Фреска од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, претстава на Ангелот Гаврил
  • Период/датација: 1181 година
  • Потекло: Црква „Св Ѓорѓи“, Курбиново, Преспа
  • Материјал/техника: малтер насликан со фреско бои
  • Димензии: sидна површина – фреска во самата црква

Кратка приказна (опис):

Портрет на Ангелот Гаврил. Насликан е во целата големина. Свртен е кон десната страна. На главата има кружен ореол. Главата му е насликана во полупрофил. Долга и виткана коса која се протега до вратот на задната страна а напред, локни од косата му го покриваат челото. Лицето му е милозливо, смирено и благородно. Двете раце му се подигнати во висина на главата и се во гест на молитва.

Фреска од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, претстава на Ангелот Гаврил
Назад, од крајот на вратот до плешката се насликани бели крила кој се рашируваат со големина која е колку половина од неговото издолжено насликано тело. Облеклото му е во вид на платно кое е со бројни набори кои слободно паѓаат надолу. Анонимниот сликар, работел во стилот на византиската уметност – што значи – прецизен цртеж, издолжено духовно тело, линии кои се елегантни и богато нанесени, прецизно и точно.
Фреската е во црквата „Св. Георги“, еден е од најпознатите мотиви, по убавината и начинот на сликање како и староста од кога е направена, скоро илјада години. По убавината, духовноста, мајсторската изработка оваа слика – фреска е дел од сликите на оваа црква која е светско културно наследство, нешто што ја потврдува културата, уметноста и значењето на уметноста на Македонија во светот.