• Име на предметот: Уметничка слика –„Локвањи“- современа уметност, автор Јован Димовски (роден во Битола). Димовски е еден од позначајните битолски уметници, член на истакнатата група ВДИСТ, која ќе ја афирмира уметноста во Битола и многу пошироко.
  • Период/датација: 1956 година
  • Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
  • Материјал/техника: маслени бои на платно
  • Димензии: 61 Х 91 см

Уметничка слика –„Локвањи“- современа уметност, автор Јован Димовски

Кратка приказна (опис):

На сликата е претставен Пејзаж со локвањи во вода.
Врз целата слика е насликана водената површина низ која виреат различни стебленца на растенија кои растат од дното под водата.
Во централниот дел на сликата насликани се една поголема група локвањи – растенија кои имаат големи цутови и цветови и кои како да лебдат на површината од водата.
Сликата го воспева животот – хармонијата во пејзажот, во водата и растителниот свет.
Насекаде блика живот и поетска хармонија.
Авторот брзо го сликал мотивот, сакајќи да го прикаже моментот на некое чисто, топло и пријатно летно пладне.
Тоа е негов субјективен впечаток и доживување – постапка која во сликарството е позната како импресионизам.
Авторот сакал своето позитивно емотивно чувство да го пренесе преку лебдеењето на цветовите на локвањите во водата.
Сликата е весела, полна со живот и воспевање на раскошот на природата.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.

Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола