- Име на предметот: Византиска монета на ЛАВ VI
- Период/датација: (886-912г.)
- Потекло: Поставка на НУ Завод и музеј Битола
- Материјал/техника: Бронза, ковање
- Димензии: Обем 2,3см.
Кратка приказна:
Бронзена монета на византискиот император Леон VI. Монетата е еден вид на тенка паричка со неправилна кружна форма, оштетена на неколку места од кружните краеви. На горниот дел има отвор кој се користел за поставување синџирче – подоцна паричката ја носеле жените како заштита од почуд или лоши случувања. На предниот дел од паричката има изрежано фигура на човек – претставен до појасот. На главата има круна. Облеклото му е со богати набори. Во едната рака – левата која му е поставена во висина на срцето држи свиток – кружно завиткана хартија (пергамент од животинска кожа) на која се испишани текстови закони на царот.
Околу ликот кружно поставени се букви на кои пишува: „LEON BASILEVS ROМ“ што значи (Леон римски цар). На задната или другата страна од паричката изгравирани се четири линии во вид на крст – кои се пресекуваат на средина а околу нив има пак кружен текст на кој пишува – LEON EN QEO BASILEVS ROMEON (Леон крал на Римјаните).
You must be logged in to post a comment.