- Име на предметот: Уметничка слика –„Поле со афиони“- современа уметност, автор Лазар Личеноски (роден во Галичник). Личеноски е еден од позначајните македонски ликовни уметници кои создавал во импресионистички стил.
- Период/датација: крај на пеесеттите години на дваесеттиот век
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: маслени бои на платно
- Димензии: 35 Х 39 см
Кратка приказна (опис):
На сликата е претставена Пејзаж со афионови насади.
Во предниот дел е претставена нива со зрели афионови растенија. Во долниот дел слободно се претставени лисјата и стебленцата – насликани со слободни и брзи потези а на горниот дел многу цутови на афионовите растенија. И афионовите цветови се слободно насликани со брзи и енергични потези со четката.
Во позадината се чувствува далечина на поле, кое завршува во подножјето на планината. Планината е од едниот крај на сликата до другиот, како што е и нивата со афионовиот насад.
Небото е светло и го најавува раниот чист убав спокоен летен ден.
Сликата е весела, полна со живот и воспевање на раскошот на природата.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.