- Име на предметот: Уметничка слика – цртеж изработен со молив „Портрет на девојка“- современа уметност, автор Александар Ѓаконов (роден во Битола).
- Период/датација: 1900 година
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: молив на хартија
- Димензии: 34 Х 32 см
Кратка приказна (опис):
На сликата е претставена млада девојка. Десната рака и е потпрена на долниот дел од лицето, под брадата.
Косата и е брановидна со внимание подготвена. На задниот дел од главата има нежна свилена шарпа.
Облечена е во фустан со многу елегантни набори и малечко елече. Насликана е во духот на виенското сликарство – според облеката, начинот на дотерувањето и според стилот во кои има реалистичко сликање до најситен детал особено во сите црти на лицето.
Млада девојка, благо насмевната и среќна во својата младост и привлечност.
Александар Ѓаконов е првиот модерен сликар во Македонија, кој што се образувал во Виена, прифаќајќи ги убавината, елеганцијата и градскиот стил на живеење како главен мотив во неговото ликовно изразување.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.