- Име на предметот: Уметничка слика „ Пејзаж“- современа уметност, автор: Борислав Траиковски, Битола
- Период/датација: создадена во осумдесеттите години на минатиот век.
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност, а изложена во одделот за современа уметност на – НУ „Завод и музеј“, Битола
- Материјал/техника: ленено платно, маслени бои
- Димензии: 100 x 80 см
Кратка приказна (опис):
Сликата е насликана од познатиот македонски уметник Борислав Траиковски. Таа е од неговата зрела творечка фаза и е поделена на два делови. Во долниот дел до средината се насликани 4 селски куќарки, насликани се со подебели линии, едноставно без други елементи. Под нив е прав пат кој што е од едниот крај до другиот крај на сликата .
На втората половина се насликани четири дрвја со многу гранки без лисја. Зад нив е планина со неоштри врвови која се спушта до самите куќарки. Небото е слично како планината, одделено само со тенка неправилна линија.
Сликата поради голите гранки, должината на патот од едниот до другиот крај како и оштрите кровови, делува мошне динамично како брз ритам на некоја песна.
Најверојатно покрај тоа што на сликата се претставени: пат, куќарки, дрвја со голи, без лисја гранки и планина која е споена со небото, поради сите тие бројни елементи, поставени во различни правци, претставува одредена внатрешна инспирација од музика.
Сликата спаѓа во таканаречениот експресионистички стил што значи пренесување на внатрешните чувства на авторот. Целата слика трепери со некоја внатрешна енергија која се чувствува како вибрирањето на звучните вибрации од некоја силна музичка изведба.
Сликата е изложена во одделот за современата ликовна уметност – Легатот на Борислав Траиковски, каде што е претставена историјата на современото сликарство во Битола и Македонија. Ова е важно за следење на развојот на културата и творештвото во Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.