- Име на предметот: Уметничка слика – цртеж изработен со молив „Портрет на Господин“- современа уметност, автор Александар Ѓаконов (роден во Битола).
- Период/датација: 1898 година
- Потекло: – Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: молив на хартија
- Димензии: 28 Х 23 см
Кратка приказна (опис):
На сликата е претставена постар човек – господин. Косата му е побелена со долги бакембарди. Облечен е со елегантен фрак стилски од крај на 19 век. Високите јаки од надвор темни од внатре светли високо подигнати до ушите.
Претставен е до горното попрсје – до висината на рамењата.
Насликан е во духот на виенското сликарство – според облеката, начинот на дотерувањето и според стилот во кои има реалистичко сликање до најситен детал особено во сите црти на лицето.
Горд, достоинствен, свечено замислен.
Александар Ѓаконов е првиот модерен сликар во Македонија, кој што се образувал во Виена, прифаќајќи ги убавината, елеганцијата и градскиот стил на живеење како главен мотив во неговото ликовно изразување.
(употреба и слично): Сликата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј и е важен за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.