Профаните објекти кои се наоѓаат во старото градско јадро се градени кон крајот на XIX и почетокот на XX век и содржат стилски елементи карактеристични за сите нео стилови кои влегуваат како влијание преку Солун по пат на увоз на разновидна керамопластична декорација, како и од Виена преку неимари кои таму работеле и се школувале. Тоа довело до изменети форми односно до едно екликтично шаренило кое дотогашбило како архитектонски израз туѓо за ова подрачје.
Најчести стилови кои се јавуваат во битолската архитектура се: неоренесансата, неокласицизмот, сецесијата како и бројни објекти кои според мноштвото користени декоративни елементи не можат да бидат определени како еден стил и се третираат како еклектична архитектура.
Објектите од профаната архитектура градени од крајот на XIX и почетокот на XX век се сместени во старото градско јадро, поделени во заштитни зони: Зона 1 ја сочинуваат монументалните објекти во централното градско подрачје ; Зона 2 и 4 ја чинат структурата на стамбениот дел од градот со бројни објекти од градската архитектура и амбиентални улици ; Зона 3 е зона на Старата битолска чаршија. Евидентирани се 704 поединечни профани објекти на подрачјето од градот од кои 100 се заштитени со посебно решение.
Сите овие објекти комбинирани со монументалните споменици на овој дел од градот и во непосредната околина, со зелените површини и визурите кон околните места, му даваат специфична физиономија и специфичен лик на градот.
You must be logged in to post a comment.