Во периодот од 1987-1991 година на територијата на Општината Битола извршено е евидентирање на над 120 сакрални објекти (цркви, манастири од XVI век до 30-те години на XX век) во над 100 села , при што е изготвена комплетна дескриптивна анализа на објектите, фотодокументација како и теренска архитектонска документација. На нивната натамошна обработка, валоризацијата и ревалоризацијата се работи перманентно. Од истражувачките работи позначајни се: новото датирање на изградбата на џамијата Исхак Челеби во Битола во 1506 година; откривањето на ктиторот на битолскиот безистен од крајот на XV век како и валоризацијата и ставањето под заштита на црквата “Св. Богородица” во с. Велушина, каде во 1989/90 година беа откриени повеќе фази на градба од IX-XI век (врз основа на археолошките истражувања), па се до раниот XIX век, како и три слоја на фреско живопис кои припаѓаат на наведените фази заедно со последниот од 1836 год.
Освен наведените, изготвени се и повеќе елаборати, студии и проекти, како: Студија за старите чешми во Битола, Студијата за адаптација и ревитализација на магазата во Битола, Проект за санација и реконструкција на покривот на манастирската црква “Св. Петка” с. Цапари, Проект за манастирската црква “Св. Ѓорѓи” с. Велушина, Проект за конзервација на архитектурата во црквата “Св. Преображение” во с. Гопеш, Елаборат за реконструкција и ревитализација на амамот Дебој, Проект за адаптација и ревитализација на Зандан Куле во Битола, Проект за санација и конзервација на архитектурата на црквата Св. Никола во с.Чагор, Проект за санација и делумна реконструкција на покривот на тремот на џамијата Исхак Челеби во Битола.

Во периодот од 1987-1991 година на територијата на Општината Битола извршено е евидентирање на над 120 сакрални објекти (цркви, манастири од XVI век до 30-те години на XX век) во над 100 села, при што е изготвена комплетна дескриптивна анализа на објектите, фотодокументација како и теренска архитектонска документација.

На нивната натамошна обработка, валоризацијата и ревалоризацијата се работи перманентно. Од истражувачките работи позначајни се: новото датирање на изградбата на џамијата Исхак Челеби во Битола во 1506 година; откривањето на ктиторот на битолскиот безистен од крајот на XV век како и валоризацијата и ставањето под заштита на црквата “Св. Богородица” во с. Велушина, каде во 1989/90 година беа откриени повеќе фази на градба од IX-XI век (врз основа на археолошките истражувања), па се до раниот XIX век, како и три слоја на фреско живопис кои припаѓаат на наведените фази заедно со последниот од 1836 год.

Освен наведените, изготвени се и повеќе елаборати, студии и проекти, како: Студија за старите чешми во Битола, Студијата за адаптација и ревитализација на магазата во Битола, Проект за санација и реконструкција на покривот на манастирската црква “Св. Петка” с. Цапари, Проект за манастирската црква “Св. Ѓорѓи” с. Велушина, Проект за конзервација на архитектурата во црквата “Св. Преображение” во с. Гопеш, Елаборат за реконструкција и ревитализација на амамот Дебој, Проект за адаптација и ревитализација на Зандан Куле во Битола, Проект за санација и конзервација на архитектурата на црквата Св. Никола во с.Чагор, Проект за санација и делумна реконструкција на покривот на тремот на џамијата Исак Челеби во Битола.

sakralna_01_th