- Број на проектот: IPA/2019/161486/5
Проектот SMART-CUL-TOUR е кофинансиран од страна на Европската Унија, а во рамките на Вториот повик на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, 2014-2020.
Главна цел на проектот е да го поттикне туризмот, промовира и заштити културното и природното наследство, и да обезбеди балансиран, и одржлив социо-економски развој на прекуграничниот регион, вклучувајќи ги регионите на Битола и Корча.
Проектот SMART-CUL-TOUR воедно има за цел да влијае врз заштитата и промоцијата на културното наследство, во двете предметни општини, како и во поширокиот прекуграничен регион и да иницира соработка помеѓу различни чинители, особено од сферата на туризмот.
Преку предвидените активности ќе се подигне јавната свест за вредностите на културното и природното наследство, ќе се подобри и зголеми нивниот капацитет, ќе се зголеми нивната пристапност за различни целни групи, а особено за лицата со попречености.
Искористувањето на обновливи извори на енергија, во контекст на зачуувањето на културното наследство, придонесуваат и кон заштита на животната средина, а воедно и кон зголемена одржливост на целните локации.
Соработката помеѓу стручните лица, особено од доменот на заштита на културното наследство и музејската дејност, во голема мера влијаат позитивно врз долгорочната соработка на партнерите, и по завршувањето на наведениот проект.
Подобреното искуство на посетителите, и нивните позитивни критики ќе овозможат зголемен прилив на туристи во двата целни региони. Дополнителните содржини кои ќе ги понудат локалните чинители од туристичкиот сектор, ќе овозможат подолго задржување на туристите во прекуграничниот регион, а со тоа и ќе допринесат и кон зголемена економска корист.
Бројните активности кои ќе се однесуваат на зголемената видливост на проектните активности, а воедно и на прекуграничниот регион во целост, ќе ги направат целните региони, попристапни и отворени за посетители.
- Вкупен буџет на проектот: 704,590 Евра
- Времетраење на проектот: 24 месеци
Партнери во проектот:
1. Општина Битола – Водечки партнер, РС. Македонија
2. Општина Пустец – Партнер, Р. Албанија
3. НУ „Завод и музеј“ – Битола, – Партнер, РС. Македонија
4. Директоратот за заштита на културно наследство – Корча, – Партнер, Р. Албанија
5. Младински културен центар – Партнер, РС. Македонија