- Име на предметот: Уметничка скулптура –„Скулптура на жена“- современа уметност, автор Сотир Димовски (роден во Битола).
- Период/датација: седумдесетите години на дваесеттиот век
- Потекло: Депо за дела од современата ликовна уметност и изложена во одделот за современа уметност на НУ Завод и музеј, Битола
- Материјал/техника: скулптура изработена во гипс
- Димензии: 60 Х 30 Х 20 см
Кратка приказна (опис):
Скулптура на жена изведена во гипс.
Скулптурата има три димензии – длабочина, висина ширина.
Претставена е жена без облека во специфична позиција. Претставена е до над колената. Главата и е благо свртена кон десно. Лицето реално обработено со сите детали. Косата уредно и прецизно поставена. Анатомијата и е точна и реална, со сите детали и елементи на женското тело претставено до над колената. Рацете и се само наговестени до под рамото. Отсуствуваат целосно останатите делови на двете раце како што отсуствуваат целосно нозете од колената надолу.
Авторот како да сакал да го потенцира ликот и психолошката содржина што ја носи женскиот лик.
Не е важна одсутноста на рацете и нозете – останува само – емоцијата, мислата, психологијата, доживувањето и размислувањето за животот.
Во реалистичката постапка – скулпторот внесол духовност која е над материјалното и не воведува во она што е најважно и најтрајно кај човекот – духот и чувствата.
Скулптурата со мајсторството на изработката, точната анатомија на комплицираните и сложени позиции претставува совршено уметничко дело карактеристично за одличен автор – скулптор.
Вајарот субјективно ја доживува расположбата на моделот .
(употреба и слично): Скулптурата е изложена во одделот на постојаната поставка на битолскиот музеј во легатот на скулпторот Сотир Димовски и е важна за следење на развојот на културата и творештвото во Битола и афирмација на институцијата НУ „Завод и музеј“ од Битола.
Текстот го подготвил:
Владо Ѓорески
НУ Завод и музеј Битола
You must be logged in to post a comment.